Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
2Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
ЖивотБожиќна честитка од Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епархОд Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат“, вели свети Иван Евангелист во прологот на своето Евангелие. „Од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат“, вели свети Иван Евангелист во прологот на своето Евангелие. Бог го создаде универзумот и целиот свет. Тој, исто така, го создаде човекот како свој пријател и му ја довери грижата за целиот свет и целото создание да управува со него мудро и праведно. Но, човекот не се однесува секогаш како оној кој верува дека Бог му е пријател, па затоа како разиграно дете се препушта на своите лудости и ароганција. Поради тоа го губи највредното нешто што го има, а тоа е пријателството со Бога. Човекот едноставно дозволи да биде убеден од застрашувачката змија (сатаната) дека Бог не му е пријател, па се оддалечил од Бога и му се приклонил на овој искушувач, надуеност, грев и зло. Најлошото во сѐ што се случи е што после тоа човекот не знаел сам да ја поправи штетата и го изгубил ова големо богатство, пријателството со Бога. А кога по овој чин ги започнал своите историски заобиколувања, започнува и неговиот егзилски пат низ историјата. Тој пат е обележан со потоци крв и солзи уште од времето на Каин. Меѓутоа, и покрај сè, Бог останува верен на своите ветувања и неговата љубов трае вечно. Тој не го остави човекот, туку го следеше по тој пат на егзил, да го бара и пронајде изгубениот човек. И кога се исполнило времето, тој се наведнува кон човекот, брза да го пречека за да го спаси и да му го врати првобитното достоинство што го изгубил. Уште повеќе, Бог зема човечка природа и станува човек во својот Син Исус Христос за да нè облече во неговата божественост. Бог чудесно нè создаде како свои пријатели, а уште повеќе чудесно нè откупи. Ова е нашата среќа и нашата радост. Оваа радост се манифестира во празнувањето на Божиќните празници. И додека сме среќни со чинот на Божјата љубов, во молитвите и мислите ги носиме нашите браќа и сестри кои ќе бидат во немир за време на овие празници поради воените настани, особено во Украина. Го молиме Миротворецот, Господ Бог, да им даде мир на сите луѓе, кога веќе не сме способни да направиме сами нешто за оваа наша Земја. На сите им посакувам среќен Божиќ и благословена Нова Година! Скопски бискуп и Струмичко -скопски епарх Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter