Божиќен концерт за добротворни цели - Канал 5

Божиќен концерт за добротворни цели

По повод католичкиот Божик денеска во католичката катедрала во Скопје ќе се одржи добротворниот традиционален концерт на инструментот орган во организација на Италијанската амбасада.

Божиќен концерт за добротворни цели
Гостинка на концертот ќе биде италијанската органистка Ливија Мацанти, а на програмата се дела од Бах, Пеголези, Кагел и Виере.

Добротворните прилози ќе бидат донирани на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Влезот е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната средина

На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.

Хоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина.

На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.

Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина.

Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско.

Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител.

Тројца возачи управувале патничко возило под дејство на алкохол, при што претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. Станува збор за С.С.(43) од село Биљановце, кумановско, Х.Ј.(39) од село Драмче, кичевско, и Д.Ц.(31) од село Осиче, кривопаланечко.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана за управување со моторно возило. Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во Штип

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Поведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер