Борко : Искусни сме за да ја „прокоцкаме“ шансата, но мора да бидеме и внимателни - Канал 5

Борко : Искусни сме за да ја „прокоцкаме“ шансата, но мора да бидеме и внимателни

Чуварот на мрежата на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски верува дека оваа селекција е доволно искусна за да ја пропушти шансата да се најде на завршницата на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.

Борко : Искусни сме за да ја „прокоцкаме“ шансата, но мора да бидеме и внимателни
Во пресрет на дуелите со Швајцарија и Чешка, во квалификациите на ЕП, Ристовски потенцира дека оваа селекција има големо искуство, да избори победи кои ќе ја одведат Македонија на уште едена завршница на континенталните собири.

- Искусни сме, со долги години стаж во репрезентацијата, и мора да сфатиме дека ова се двата натпревари се оние клучните, за кои се подготвувавме цела година. Нашиот континуитет на настапи на големите натпреварувања, зависи токму од овие два натпревари. Не треба да ја „прокоцкаме„ укажаната шанса, вели голманот Ристоски.

Ристоски предупредува, дека на вечерашниот меч против Швајцарија, не смее да се потцени противникот и дека, се ќе зависи од последниот дуел со Чешка во недела во Скопје.

- Мислам дека треба да бидеме фокусирани пред се на вечерашниот натпревар против Швајцарија. Нема да ни биде ни малку лесно, напротив. Уште вечерва ќе имаме многу проблеми, бидејќи не сме комплетни. Затоа, мислам дека ќе ни треба и многу среќа и да одиграме квалитетно, за да излеземе како победници од овој натпревар, завршува Ристоски.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се игра вечерва во Сент Гален со почеток од 20 часот. Во првиот меч од шестата квалификациска група, од 18 часот и 10 ќе стартува дуелот меѓу Чешка и Франција.

По пет одиграни кола во оваа група води Франција со 8 бода, пред Чешка која има 5, Македонија 3 и Швајцарија која е без освоен бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено...

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ.

Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот

​Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. 

Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот

Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот.

Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации.

Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.

Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство.

Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари.

Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот.

YouTube video

Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер