Борисов му понуди 10 пратеници на Трифонов да формира Влада

Бугарскиот премиер Борисов му нуди 10 пратеника на шоуменот Слави Трифонов да состави Владата.. 

На бугарската политичка сцена и натаму се прават комбинаторики кој со кого и дали би ја формирал новата влада, но она што е сигурно е дека се издиференцираа два крајно спроптивставени блока едниот предводен од Слави Трифонов кој притиска за нови избори и оној на Борисов за кого изборите не се опција.

Оттаму сеуште актуелниот премиер Борисов денеска излезе со два предлога до опонентите или ГЕРБ да ги поддржи со десет пратеници или да се изгласа големо Народно Собрание.

„Така што да не дезертираат и да не се оправдуваат дека им недостасуваат нешто повеќе гласови, ако толку имаат потреба за нешто, јас сум подготвен имам десет дежурни пратеници да им дадам да ги поддржам. Нели сите зборувавте за големо Народно Собрание за мнозински избори. Се собира тоа Собрание, гласаме за свикување на големо Народно Собрание веднаш, еве претседателот Радев според неговиот предлог за Устав го внеси тоа Собрание да го реши . Свикуваме големо Народно Собрание ги решаваме сите проблеми бидејќи половина од работите се со мнозински гласови.“

По прозивката од Борисов а за прв пат по соопштувањето на официјалните резултати се огласи и Трифонов на фејсбук.

„ Во врска со разни политички изјави и предлози дадени во последните денови, би сакал да го кажам следново:

Има многу јасна правна постапка спомената во Уставот, и ние логично ја следиме и одиме по неа.“

Од друга страна пак поврзано со нас, доколку Слави Трифонов седне на премиерската фотеља, она што го коментираат познавачите на бугарските прилики и на самиот Трифонов е дека тој е популист кој ја искористил желбата на бугарскиот народ за промени. За Македонија и Македонците со години во неговите шоу настапи се однесувал со потсмев и потценување и непочитување на македонскиот вредносен систем.

Многу посуптилна варијанта од Каракачанов и со тоа би претставувал проблем за изнаоѓање решение за надминување на бугарската блокада за отпочнување преговори меѓу Републиак Македонија и ЕУ, велат познавачите на Трифонов.

Дали Трифонов политичарот ќе биде ист како Слави шоуменот останува да се види.

Факт е дека за него Македонците се Северномакедонци како што напишал на фејсбук и дека ако ги признаат бугарските корени , тој ќе ја признаел актуелната македонска реалност но под услов да се усогласела со нејзините историски бугарски корени во спротивно ќе сме биле надвор од Европската Унија, напишал претендентот за премиерската позиција во Бугарија , Слави Трифонов на својот фејсбук профил.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер