Борисов изрази жалење за автобуската несреќа

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази жалење за жртвите во тешката автобуска несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово.

-Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје – Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам жалење на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравувње на повредените, изјави Борисов.

Во тешката автобуска несреќа кај селото Ласкарци вчера попладне се преврте автобус на компанијата „Дурмо турс" во која загинаа 14 лица. Владата на својата вонредна седница синоќа прогласи дводневна жалост. /МИА

Атанасовски: СДСМ мора да има „ресет“

„Како може поранешните министри кои апсолутно изгубиле на 8 Мај, како пратеници и да ја враќаат довербата во СДСМ“

Цела седмица по изборите, СДСМ не го поставуваат прашањето за политичка и морална одговорност за историски најлошиот резултат што го доби левицата во Македонија. Да има политичко рехабилитирање, треба да има радикален „ресет“. Првенците на партијата, носители или коносители на листите беа министри во СДСМ. Дегутантно е вие ка што сте го добиле најлошиот резултат во историјата како извршни министри да бидете пратеници и репрезентот од позиција на опозиција треба да ги брани политиките и да комуницирате со јанвоста во Македонија. Како може поранешните министри кои апсолутно изгубиле на 8 Мај, како пратеници и да ја враќаат довербата во СДСМ, рече Благојче Атанасовски во Само Вистина.

Џиновска планета има конзистенција како шеќерна волна- научниците зачудени

Неверојатна џиновска планета наречена WASP-193b е откриена околу ѕвезда слична на Сонцето оддалечена 1.200 светлосни години.

Планетата е 50 отсто поголема од Јупитер, но нејзината маса е седум пати помала, па затоа има густина на шеќерна волна, објави Универзитетот во Лиеж.

Планетата е откриена од страна на меѓународен тим на научници од лабораторијата EXOTIC на Универзитетот во Лиеж, во соработка со Институтот за технологија во Масачусетс и Институтот за асатрофизика во Андалузија, пренесува EurekAlert.

- WASP-193b е втората планета со најниска густина откриена до денес. Прва е Kepler-51d, кој е многу помала - изјави Халид Баркауџи, постдокторски соработник во лабораторијата EXOTIC и главен автор на студијата објавена во Nature Astronomy.

– Неговата исклучително мала густина не може да се репродуцира со стандардни модели на гасни гиганти, дури и под нереална претпоставка за структура без јадро – додаде тој.

Новата планета првпат е забележана од WASP („Потрага по планети со широк агол“), меѓународна соработка на академски институции кои заеднички управуваат со две роботски опсерватории, една на северната и една на јужната хемисфера.

Помеѓу 2006 и 2008 година и од 2011 до 2012 година, јужната опсерваторија забележала повремени затемнувања кои се совпаѓале со орбитата на планетата околу ѕвездата WASP-193. Утврдиле дека се работи за планета која орбитира околу ѕвездата 6,25 дена. Мерењата дадоа проценка за големината на планетата, но само најновите анализи ја утврдија нејзината густина.

Анализите ги збунија научниците бидејќи се покажа дека густината на планетата е 0,059 грама на кубен сантиметар. За споредба, густината на Јупитер, гасовитиот џин, е 1,33 грама на кубен сантиметар, а густината на Земјата е 5,51 грам на кубен сантиметар. Еден од материјалите што по густина е најблиску до густината на оваа новооткриена планета е памукот, чија густина е 0,05 грама на кубен сантиметар, се вели во соопштението.

- Планетата е толку лесна што е тешко да се замисли како цврст материјал. Причината поради која користиме шеќерна волна за споредба е тоа што таа, како и планетата, е супер надуена и главно се состои од воздух - изјави Џулиен де Вит, професор на МИТ и коавтор на студијата.

Оваа планета, претпоставуваат тие, е составена главно од водород и хелиум.

- Не знаеме како да ја набљудуваме оваа планета во согласност со теориите за формирање на планети кои моментално ги имаме, бидејќи таа се разликува од сите нив. Ја следиме атмосферата подетално, за да го видиме и подобро да го разбереме нејзиниот еволутивен пат – изјави Франциско Позуелос, астроном од Астрофизичкиот институт во Андалузија.

- WASP-193b е космичка мистерија. Ќе биде потребна многу опсервациска и теоретска работа за да се разберат теоретските механизми што може да резултираат со таква екстремна инфлација - заклучи Калид Баркауџи.

притисни ентер