Муслиу: На партиите во Албанскиот блок им порачувам наративот да си го користат меѓу себе

„Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши“

Изборниот резултат не е само поради уставните измени. Реално се' им се удри од глава на СДСМ, ДУИ си ги одржа своите работи. Дел се внатрешни , дел се надворешни причини, дел се некоректност на ЕУ. На Радев ставовите се јасни, да се прашуваше тој ниту преговарачка рамка немаше да имаме.

Во Албанскиот политички блок се води борба за легитимноста, една од главните теми беше условувањето на владата за уставните измени, во предизборието кампањата сговореше дека нема влада без уставни измени. Не верувам дека Ахмети излажа дека бил потпишан некаков документ, а тој што го потпишал го обландираше како џентлменски договор. Би им препорачал наративот да си го користат меѓу себе, бидејќи ќе генерираат негативен став од другата страна и отешко ќе биде тоа да се случи, го слушнавме Мицкоски како рече дека со разговор, да, но со уцени не. Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши, рече Алберт Муслиу во Само Вистина.

Српски медиуми: Парламентот на Србија добил барање за разрешување на Народниот правобранител

Во писмото  се тврди дека со Пашалиќ на чело, институцијата дошла до блокада и го обвинуваат за злоупотреба на работното место, тој одбива да коментира. 

До Собранието на Србија е испратено барање за разрешување на народниот правобранител Зоран Пашалиќ, обвинет од група вработени во таа државна институција за заштита на граѓаните - поради мобинг, кршење на законот и непристојно однесување, објавија денеска белградските медиуми.

Во писмото се тврди дека со Пашалиќ на чело, институцијата дошла до блокада и го обвинуваат за злоупотреба на работното место, тој одбива да коментира. Пашалиќ, поранешен шеф на Високиот суд за прекршоци, а потоа и претседател на Апелациониот суд за прекршоци, беше избран за Народен правобранител во српскиот парламент во 2017 година на предлог на владејачката Српска напредна партија и нивните коалициски партнери, а во 2023 година повторно беше избран за нов мандат од осум години.

Во писмото до кое ТВ Н1 имала пристап, се бара од претставниците „да ги проверат наводите и да поведат постапка за разрешување на заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ“ и „да му го ускратат легитимитетот“ како „незаконски, непрофесионален, несовесен и недостоен“.

Се додава дека станува збор за „однесување како вооружено лице, склоно кон алкохол, вработување врз основа на фалсификат, незаконско трошење буџетски средства, закани, понижување и навредување жени“, а дека Пашалиќ „се крие зад должностите на Заштитникот на граѓаните“.

Ова не е првпат вработени во канцеларијата на Народниот правобранител да се жалат на првиот човек на таа институција.

Во 2021 година, Пашалиќ беше јавно обвинет за злоупотреба на работа од долгогодишен вработен во институцијата Народен правобранител, но таа набрзо се пензионираше откако го загуби судскиот спор.

На Пашалиќ му забележува и стручната јавност дека не се огласувал или не постапил во многу случаи во кои се сфатило дека канцеларијата на Народниот правобранител реагирала или дека тоа го направила по притисок во медиумите

Синот на Род Стјуарт се жени во Дубровник

Се е подготвено за венчавката на годината, синот на легендарниот пејач Род Стјуарт се жени во Дубровник. Како што пишуваат хрватските медиуми, забавата за добредојде ќе се одржи во елитниот Палма Гарден на терасата со поглед на градот.

Свадбата на годината се подготвува во Дубровник. Синот на славниот и мегапопуларен британски музичар Род Стјуарт се жени, а хрватските медиуми ги објавија сите детали од луксузната свадбена церемонија.

Лијам Стјуарт ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Никол Артукович, чие семејство е по потекло од Конавле во Херцеговина, на тврдината Ловрјенац.

Според медиумите двојката ќе ја венча отецот Мирко Николиќ.

. По црковната церемонија, младенците и гостите ќе се искачат на тврдината Ловрјенац, каде е предвидена забава до два часот по полноќ. Од гостите се очекува да се придржуваат до формален код, а младенците ги предупредуваат гостите на приближно 250 скали кои ќе треба да ги искачат, а особено предупредија дамите да избегнуваат високи потпетици.

Инаку, парот минатата година доби син на кој му дадоа име Луи Марк Родерик Стјуарт.

„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

Претпродолжението на „Лудиот Макс“ има разочарувачки почеток на американскиот „бокс-офис“.

Во продолжениот празничен прв викенд, имено, филмот „Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари - една од најниските заработки на киноблагајните во САД во овој продолжен викенд, од 1995 година досега. Пред 29 години, „Каспер“ заработи 22,5 милиони долари, пишува Би-би-си.

Сепак, „Фуриоза“ го надмина „Гарфилд“ (The Garfield Movie), којшто заработи „едвај“ 31,1 милион долари.

Претходниот, 4. дел од сагата, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ од 2015 година беше објавен во „обичен викенд“ и првично заработи околу 45 милиони долари во САД, а 380 милиони долари на ниво на светот во првите три дена прикажување.

Инаку, буџетот на „Фуриоза“ се проценува на 168 милиони долари. Се предвидуваше дека филмот ќе има барем сличен успех како „Пат на бесот“.

Приказната се одвива 15 - 20 години пред настаните на „Лудиот Макс 4“, кога Фуриоза била киднапирана од нејзиното мирно село како дете. Ања Тејлор-Џој ја глуми помладата верзија на воинката Фуриоза, која првпат ја глумеше Шарлиз Терон во претпоследниот филм. Сагата е за девојчето кое пораснало со своите киднапери Лорд Дементус (Крис Хемсворт) и Имортан Џо (Лаки Хјум) и кое како млада воинка тргнува во одмазда кон луѓето кои ѝ го уништиле животот.

притисни ентер