ТехнологијаЏиновска планета има конзистенција како шеќерна волна- научниците зачудени Неверојатна џиновска планета наречена WASP-193b е откриена околу ѕвезда слична на Сонцето оддалечена 1.200 светлосни години.Планетата е 50 отсто поголема од Јупитер, но нејзината маса е седум пати помала, па затоа има густина на шеќерна волна, објави Универзитетот во Лиеж. Планетата е откриена од страна на меѓународен тим на научници од лабораторијата EXOTIC на Универзитетот во Лиеж, во соработка со Институтот за технологија во Масачусетс и Институтот за асатрофизика во Андалузија, пренесува EurekAlert. - WASP-193b е втората планета со најниска густина откриена до денес. Прва е Kepler-51d, кој е многу помала - изјави Халид Баркауџи, постдокторски соработник во лабораторијата EXOTIC и главен автор на студијата објавена во Nature Astronomy. – Неговата исклучително мала густина не може да се репродуцира со стандардни модели на гасни гиганти, дури и под нереална претпоставка за структура без јадро – додаде тој. Новата планета првпат е забележана од WASP („Потрага по планети со широк агол“), меѓународна соработка на академски институции кои заеднички управуваат со две роботски опсерватории, една на северната и една на јужната хемисфера. Помеѓу 2006 и 2008 година и од 2011 до 2012 година, јужната опсерваторија забележала повремени затемнувања кои се совпаѓале со орбитата на планетата околу ѕвездата WASP-193. Утврдиле дека се работи за планета која орбитира околу ѕвездата 6,25 дена. Мерењата дадоа проценка за големината на планетата, но само најновите анализи ја утврдија нејзината густина. Анализите ги збунија научниците бидејќи се покажа дека густината на планетата е 0,059 грама на кубен сантиметар. За споредба, густината на Јупитер, гасовитиот џин, е 1,33 грама на кубен сантиметар, а густината на Земјата е 5,51 грам на кубен сантиметар. Еден од материјалите што по густина е најблиску до густината на оваа новооткриена планета е памукот, чија густина е 0,05 грама на кубен сантиметар, се вели во соопштението. - Планетата е толку лесна што е тешко да се замисли како цврст материјал. Причината поради која користиме шеќерна волна за споредба е тоа што таа, како и планетата, е супер надуена и главно се состои од воздух - изјави Џулиен де Вит, професор на МИТ и коавтор на студијата. Оваа планета, претпоставуваат тие, е составена главно од водород и хелиум. - Не знаеме како да ја набљудуваме оваа планета во согласност со теориите за формирање на планети кои моментално ги имаме, бидејќи таа се разликува од сите нив. Ја следиме атмосферата подетално, за да го видиме и подобро да го разбереме нејзиниот еволутивен пат – изјави Франциско Позуелос, астроном од Астрофизичкиот институт во Андалузија. - WASP-193b е космичка мистерија. Ќе биде потребна многу опсервациска и теоретска работа за да се разберат теоретските механизми што може да резултираат со таква екстремна инфлација - заклучи Калид Баркауџи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12