Борис Бекер е пуштен од затвор, ќе биде депортиран од Британија - Канал 5

Борис Бекер е пуштен од затвор, ќе биде депортиран од Британија

Борис Бекер е ослободен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија.

Борис Бекер е пуштен од затвор, ќе биде депортиран од Британија

Тој одлежа осум месеци затворска казна од две и пол години, на која беше осуден затоа што се обидел да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови.

Тој беше прогласен за виновен по четири од вкупно 24 точки од обвинението. Британското правосудство го обвини дека се обидел да сокрие пари и други вредни предмети, вклучително и тениски трофеи, за време на стечајната постапка. Тој на прелиминарното рочиште ја негираше вината. Судијката Дебора Тејлор и порача на поротата да ги остави настрана сите предрасуди и да ја игнорира славата на Бекер.

Бекер беше прогласен за банкрот од Високиот суд во Лондон на 21 јуни 2017 година на барање на банката, а како дел од договорот требаше да го открие целиот свој имот. Долговите на трикратниот шампион на Вимблдон во моментот на банкрот биле проценети на 50 милиони британски фунти.

Веќе се пишуваше дека Бекер ќе се соочи со нова казна по излегувањето од затвор. Бекер е странец во Обединетото Кралство кој требало да одлежи една година затвор, а според тамошните закони нема место за такви во таа земја. Инаку, трофејниот поранешен германски тенисер од 2012 година живее во Лондон, но никогаш не поднел барање за британско државјанство.

Бекер започнал да ја отслужува затворската казна во озлогласениот затвор Вандсворт во Лондон. Затворот е стар околу 170 години и е полн со нечистотија и стаорци. Таму казната ја отслужуваат над 1.300 затвореници. Во тоалетите нема приватност, а некои затвореници се затворени во ќелиите по 22 часа на ден.

Набрзо бил префрлен и го отслужил остатокот од казната во затворот Хантеркомб, каде што добил еден вид наставничка работа. Сан напиша дека 54-годишниот троен победник на Вимблдон и поранешен светски рекет број 1 работел како асистент предавач по теорија на спорт. Неговиот брз напредок во Хантеркомб ги налутило другите затвореници. Изворите велат дека вообичаено е потребно да поминат неколку години во затвор за да се вработат како асистенти.

Билд напиша дека Бекер бил во посебна ќелија и дека деновите ги поминувал дружејќи се со другите затвореници. Се тврдеше и дека тој е многу популарен меѓу нив и се согласил да ги тренира. Се занимавал со јога и медитирал со 45 затвореници.

На само 17 години, во 1985 година, Бекер се појави на светската спортска сцена и стана најмладиот победник на Вимблдон. Следната година успешно ја одбрани титулата против Иван Лендл, тогаш најдобриот тенисер на светот.

Во 1989 година, Бекер го освои својот трет Вимблдон, а неколку месеци подоцна и УС Опен. Во 1991 година првпат го освои Австралија опен, а вторпат во 1996 година. Тој се пензионираше три години подоцна, откако освои 49 трофеи. Во 2002 година, судот во Минхен го осуди на две години условна казна и парична казна од 500.000 евра за даночно затајување од околу 1,7 милиони евра.

Поранешниот играч имал и правни проблеми во Шпанија поради неплатени долгови поврзани со работите на неговата вила на Мајорка и со швајцарското правосудство бидејќи не му платил на свештеникот кој го вемчал во 2009 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Патнички воз во Есекс, источна Англија, излета од шините денес, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент во воз на релација Лондон-Истборн беа повредени 20 лица.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф.

Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистирале дека железниците се безбедни за употреба во топло време.

Инцидентот се случил на најжешкиот ден во годината, кога температурите достигнале 38 степени Целзиусови.

Сликите од местото на несреќата покажуваат дека возот тргнувал од Саутенд Викторија кон Лондон Ливерпул Стрит во 13:51 часот.

Засега нема информации дали има повредени во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд.

Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија

Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.

Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер