Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
1Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
3Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
СветБорел: Следната недела ќе ја исплатиме првата помош за Украина од замрзнатите руски средстваНа Украина и потребна поголема помош и таа помош и треба сега, пред летото.На масата на денешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ, кое ќе биде долго, интензивно и тешко, како и секогаш прво ќе биде Украина, потоа состојбата во Газа и на Блискиот Исток, како и случувањата во Грузија, најави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на состанокот што се одржува во Луксембург. Според Борел, на мировната конференција за Украина во Швајцарија, рускиот претседател Владимир Путин одговори на тој начин што отпатува во Северна Кореја и на други места каде може да набави оружје, што укажува дека се подготвува за долга војна. - Од наша страна мораме да продолжиме да работиме на поставениот дипломатски пат на самитот во Швајцарија, но мораме да ја зголемиме и нашата поддршка за Украина, истакна Борел, додавајќи дека за таа цел треба да се употребат каматите од замрзнатите руски средства, од кои првата транша од 2,5 милијарди ќе биде исплатена следната недела, а втората „некој месец подоцна“. Тој истакна дека треба да се почитува законска процедура за користење на овие средства за да не дојде до блокада на тој процес, потсетувајќи дека постојат шест легални одлуки на ЕУ што не може да бидат имплементирани поради противењето на една земја членка и не смее да се дозволи тоа да се случи и за користењето на замрзнатите руски средства. - На Украина и потребна поголема помош и таа помош и треба сега, пред летото. Се надевам дека министрите ќе го поддржат предлогот да ја зголемиме таа поддршка со употреба на замрзнатите руски средства, потенцира Борел, додавајќи дека тие средства нема да завршат во неговиот џеб, туку ќе бидат искористени за воена поддршка на Украина. Во однос на Блискиот Исток, Борел нагласи дека како резултат на ескалацијата на состојбите во Газа станува невозможно да се обезбеди испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот. - Помошта е заглавена на границата. Некои од производите ќе мора да се уништат, бидејќи повеќе не се за употреба. И не е во прашање само финансиската штета, туку и тоа што помошта не е можно да се дистрибуира поради недостиг на организација, додаде Борел. Тој истакна дека ЕУ и натаму го поддржува планот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на конфликтот во Газа, но како што нагласи, неговата имплементација е невозможна поради недостиг на волја за тоа од двете страни, и од страна на Израел и на Хамас. - Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите идеи, бидејќи ни е потребен прекин на огнот, што ќе овозможи влез на хуманитарната помош во Газа, изјави Борел. Според него, опасноста од проширување на конфликтот од Газа во Либан и во други делови на регионот секој ден станува се поголема, па затоа треба да се поддржат меѓународните напори за прекин на огнот. Тој најави и дека на министрите ќе им достави анализа за односите на ЕУ „со Израел и Палестина“, за да ја разгледаат и да видат што може да сторат за зголемување на притисокот врз двете страни. Борел додаде дека на состанокот ќе стане збор и за ситуација во Грузија, порачувајќи дека ако грузиските власти сакаат да остане отворена вратата за членство на земјата во ЕУ, ќе мора да отстапат од патот по кој се движат сега или во спротивно таа врата ќе се затвори, од што последици ќе сносат грузиските граѓани. Инаку, на ГАК ќе се расправа и за односите на ЕУ со Западниот Балкан, во кој дел на заседанието ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите од регионот, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаБасани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски секторНародната банка има докажани резултати во зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност. Таа придонесе за создавање стабилен и отпорен банкарски сектор и за зајакнување на капацитетите на земјата за управување со економијата во согласност со европските стандарди, оценува Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, во интервју по повод одбележувањето 80 години централнобанкарско работење во државава. Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите. „Во Северна Македонија, кредибилната и независна централна банка има суштинско значење за зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност во периоди на значителна глобална економска и геополитичка неизвесност. Групацијата на Светската банка е горда на извонредното партнерство што го градиме со Народната банка во изминативе децении, како и на напредокот што го постигнавме заедно“, посочува Басани. Како значајни достигнувања од долгогодишната соработка, Басани ги издвојува модернизацијата на платежниот систем, пристапувањето на земјата кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и подготовките за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз моделот на Европската централна банка. Според неа, овие достигнувања покажуваат како долгорочната соработка придонесува за градење посилни институции и носи конкретни придобивки за граѓаните и компаниите. „Овие придобивки ја зајакнуваат економската интеграција преку поедноставно и поевтино испраќање и примање средства низ Европа, а истовремено им овозможуваат на компаниите, особено на малите и средните претпријатија, полесно да инвестираат, да се натпреваруваат и да растат“, нагласува Басани. Притоа, таа ја нагласува и значајната улога на Народната банка во процесот на европската интеграција. „Со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, Народната банка ќе има клучна улога во усогласувањето на финансиската регулаторна рамка со правото на ЕУ, вклучително и во областа на прудентната регулатива, супервизорските практики, механизмите за управување со кризи и осигурувањето на депозитите, платежните системи, како и новите европски стандарди во областите на одржливите финансии и дигиталната отпорност“, порачува потпретседателката на Светската банка, Басани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕкипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот светНуклеарната подморница на Британската кралска морнарица, HMS Vengeance, се врати во Шкотска по мисија која траела рекордни 217 дена. Во текот на седум месеци, екипажот останал речиси целосно отсечен од надворешниот свет. Сепак, овој подвиг не се толкува како демонстрација на сила, туку како показател за сериозни проблеми во рамките на британската подморничка флота, пренесува Euronews. На 15 ноември, експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кален изјави за британскиот весник „Гардијан“ (*The Guardian*) дека пловилата од класата „Вангард“ (*Vanguard*) првично биле дизајнирани за мисии што траат приближно три месеци. Тој додаде дека дури и тој период се сметал за долго време поминато во „метална кутија под вода, без никаков контакт со надворешниот свет“. Подморниците од оваа класа – кои до април го држеа претходниот рекорд од 205 дена поминати под вода – имаат екипаж од околу 140 луѓе. Првично, нивните мисии траеле меѓу три и четири месеци, а патролите во времетраење од 100 дена биле реткост. Денес, некои мисии траат двојно подолго. Поради продолжените престои на море, овие и онака тесни подморници мораат да носат значително поголеми залихи на храна и други неопходни средства. Како резултат на тоа, екипажот поминува месеци живеејќи опкружен со гајби натрупани во ходниците и во секој друг достапен простор. Британската влада признава дека овие продолжени мисии се поврзани со кратењата на буџетот, кои го забавија одржувањето на подморниците. Подморницата HMS *Vengeance* е спуштена во вода во далечната 1998 година, оваа подморница е една од четирите британски подморници од класата *Vanguard* на нуклеарен погон. Таа е долга приближно 150 метри, тежи 17.526 тони и е дизајнирана да носи балистички ракети „Трајдент“ (Trident). Подморницата е опремена со 16 лансирни цевки за ракети. Ракетите „Трајдент“ користат технологија MIRV, што значи дека секоја ракета може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, кои можат да се насочат кон одделни, независни цели. Подморниците од класата *Vanguard* се клучни за стратегијата на Британија за нуклеарно одвраќање. Според политиката на Кралската морнарица, најмалку една ваква подморница мора постојано да биде во патрола. Службата на нуклеарни подморници се смета за една од најтешките должности во морнарицата. Подморниците, како што е „HMS Vengeance“, поголемиот дел од времето го поминуваат длабоко под вода, одржувајќи целосна радио-тишина за да избегнат откривање. Иако, доколку е потребно, можат да излезат на површина во плитки води за да комуницираат преку специјализирани антени, контактот на екипажот со надворешниот свет е строго ограничен. Еднаш неделно, морнарите можат да добијат порака од своите семејства – таканаречен „семеен телеграм“ (Familygram) – кој не смее да надминува 120 зборови. Сите пораки прво ги прегледуваат воени претставници, кои имаат овластување да ги цензурираат лошите вести или какви било информации што би можеле негативно да влијаат врз работата на морнарите. Понатаму, на морнарите не им е дозволено да одговараат на овие пораки. Како резултат на тоа, членовите на екипажот можат со месеци да не знаат што се случува во нивните семејства, а исто така не се во можност ниту да одговорат на вестите што ги добиваат. Мисијата на подморницата „HMS Vengeance“, со која беше поставен рекорд, дополнително ги засили загриженостите во врска со иднината на целата флота. Иако првично беа дизајнирани за работен век од 25 години, подморниците од класата „Vanguard“ сега ќе мора да останат во служба приближно 40 години, поради доцнењата во развојот на новата генерација. Се очекува првата подморница од новата класа, „HMS Dreadnought“, да влезе во служба дури околу 2032 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквичкиВо петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.Состојки за денешниот рецепт: 2 тиквички 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 морков 2 компира 1 домат 1 чешне лук масло сол, бибер и др. зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter