Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
СветБорел: На денешниот Совет за надворешни работи очекувам важни одлуки за поддршката на Украина Се надевам дека денеска конечно ќе донесеме важни одлуки, пред се за Фондот за помош на Украина како дел од Европскиот мировен механизам во износ од пет милијарди евра, за што се разговара со недели. Се надевам дека денеска конечно ќе донесеме важни одлуки, пред се за Фондот за помош на Украина како дел од Европскиот мировен механизам во износ од пет милијарди евра, за што се разговара со недели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Унијата во Брисел. - Како дел од воената поддршката за Украина, која и е многу неопходна, се надевам дека конечно ќе постигнеме политички договор за користење на профитите од замрзнатите руски средства за да ги зајакнеме капацитетите за финансирање на украинската одбрана, рече Борел, појаснувајќи дека не станува збор за користење на главницата на замрзнатите средства, тука на профитите од нив. Тој потсети и дека денеска се навршува првата годишнина од склучувањето на Договорот од Охрид меѓу Косово и Србија за патот кон нормализација на нивните меѓусебни односи. - Времето лета, а за несреќа и покрај сеопфатната европска и меѓународна поддршка, Србија и Косово постигнаа многу ограничен напредок, рече Борел. Најавувајќи дека наскоро во Брисел ќе се одржи нова средба на главните преговарачи на Белград и Приштина, Борел изрази жалење што овој договор, чие постигнувања, како што рече, не беше лесно, не е имплементиран. - Ќе продолжиме со притисокот врз двете страни за да се постигне напредок, но по една година она што е имплементирано е далеку од она што очекував да биде постигнато, рече Борел. Високиот претставник на ЕУ се осврна и руските претседателски избори спроведени во претходните три дена, нагласувајќи дека тие не беа слободни и фер, беа одржани беа мониторинг од ОБСЕ и во строго рестриктивен амбиент. - Овие избори беа одржани во услови на репресија и заплашување и беа спроведени на украинските окупирани територии со што е прекршен суверенитетот на Украина, нагласи Борел. Тој најави дека очекува Советот да донесе одлука за воведување на санкции поврзани со „убиството“ на рускиот опозициски лидер Андреј Навални, за Хамас, како и за насилните еврејски доселеници на Западниот Брег. Во однос на случувањата на Блискиот Исток, Борел истакна дека пред почетокот на конфликтот Газа беше најголемиот затвор на отворено, а денес е најголемата гробница на отворено. - Тоа е гробница за десетици илјади лица и гробница за многу од најважните принципи на меѓународното хуманитарно право. Ситуацијата во Газа е тажна и се надевам дека министрите ќе расправаат со цел да се утврди заеднички став во пресрет на Советот на ЕУ, додаде Борел. Тој изјави дека две земји членки на ЕУ побарале преразгледување на Договорот за асоцијација меѓу Унијата и Израел, најавувајќи дека ќе го покрене оваа прашања за политичка дебата на денешната средба. - Не говориме за целосна суспензија на Договорот, такво нешто треба да предложи Европската комисија, туку за политичката димензија базирана на почитување на хуманитарното право регулирана со член два од Договорот, додаде Борел. Тој нагласи дека јавното мислење во ЕУ се повеќе бара акција поврзана со случувањата на Блискиот Исток, потенцирајќи дека во услови кога луѓето во Газа гладуваат и умираат во глад, неприфатливо е во магацините со хуманитарна помош во Египет да има резерви на храна за неколку месеци. -Тоа е нешто што бара некаква реакција, не само изразување загриженост, туку и носење политичка одлука. Се надевам дека Советот ќе дискутира за ова, па ќе видиме, рече Борел. Тој потсети дека главни теми на денешната средба на Советот за надворешни работи ќе бидат руската агресија врз Украина, случувањата во Белорусија, состојбата во Газа и настаните на Хаити, како и дека европските шефови на дипломатиите преку видео конференциска врска ќе имаат размена на мислења и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37