Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
1Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
Шоу бизБора Чорба со 28 години помладата сопругаПознатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ среќата ја пронајде покрај својата трета сопруга Дубравка Милатовиќ, која е помлада од него 28 години. Иако ретко се појавува во јавноста, сега екипата на „Папарацо лов“ ја сними во негово друштво во еден „Рибља Чорба“ оди отежнато. Тој неодамна бил примен во Ургентниот центар поради уролошки проблеми, а по прегледот е пуштен на домашно лекување. Инаку, пред Дубравка, Бора беше во брак со Драгана, која по нивната разделба se трагично го заврши својот живот во март 2007 г. После тоа, постоеше мислење дека Бора стави точка на својот емотивен живот, но во 2010 година, рокерот се заљуби во Александра, која наскоро стана негова втора сопруга. Сепак, тие се разведоа во 2014 година, а потоа започна романсата со Дубравка. Бора изјави дека таа е неговата последна љубов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter