Болничар обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство, во Германија - Канал 5

Болничар обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство, во Германија

Медицински техничар од Германија, кој веќе е обвинет за повеќе убиства и обиди за убиство на пациенти во една палијативна клиника, сега се соочува со дополнителни обвиненија, јави ДПА.

Болничар обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство, во Германија

Обвинетиот 44-годишен маж, според обвинителството, убил најмалку девет пациенти и се обидел да убие уште 34, предозирајќи ги со лекови против болка и седативи.

Неговата наводна цел била да си ја олесни работата и да има помирни ноќни смени. Во некои случаи, тој повеќепати се обидувал да убие исти пациенти, се наведува во обвинението.

Случаите се случиле помеѓу декември 2023 и мај 2024 година. Судскиот процес за првите 30 обвиненија треба да започне на 24-ти овој месец, но не е јасно дали новите случаи ќе бидат вклучени во истиот судски процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Метеж на гласачките места во Србија, Вучиќ со сопругата чека на ред за да гласа (ВИДЕО)

Денеска во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои би можеле да бидат најважниот тест за владеењето на Александар Вучиќ во последните 14 години. 

Метеж на гласачките места во Србија, Вучиќ со сопругата чека на ред за да гласа (ВИДЕО)

Неговиот блок е сериозно загрозен за прв пат од политичка сила што произлезе од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица во ноември 2024 година, објави Индекс.

18 листи се натпреваруваат за 250 места во Народното собрание, од кои девет имаат статус на малцинство. Право на глас имаат малку повеќе од 6,45 милиони гласачи, а изборниот праг од три проценти важи за влез во парламентот, освен за малцинските листи. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро и се затвораат во 20 часот.

Носителот на студентската листа: Денес легитимно ќе избереме нова влада во Србија

Илија Срдановиќ, носителот на студентската листа, изрази надеж за мирни и демократски избори во Србија. Тој очекува рекордна излезност и легитимна нова влада што ќе ја води земјата во подобра иднина.

Седум гласачки места во Шабац не се отворија на време

Во Шабац, граѓаните чекаат и во редови за да гласаат на денешните парламентарни избори.

Поради технички проблеми, седум гласачки места не се отворија во 7 часот наутро, како што беше планирано, изјави за Танјуг Градската изборна комисија.

Во Шабац, право на глас имаат 97.402 гласачи, кои гласаат на 100 гласачки места во градот и на едно гласачко место во Поправниот дом Богосавец.

Вучиќ и неговата сопруга чекаат во ред на гласачкото место

Александар Вучиќ, лидерот на листата „Единствена Србија“ и поранешен претседател и премиер на Србија, дојде на своето гласачко место во Нов Белград, во придружба на неговата сопруга Тамара.

Бидејќи гласачкото место е преполно, двајцата чекаат во ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

Секој изминат месец имаше нови поскапувања. 

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари.

Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство.

Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува закована на 26.000 денари. Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот.

Тоа е реалноста зад бајките на Мицкоски: не трета економија во Европа, туку животен стандард на една третина од европскиот.

Арамијата Мицкоски ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почеток на кризата. Одби минимална плата од 600 евра, одби поддршка за земјоделците. Цела година гледа како растат цените, а одбива да им помогне на граѓаните.

Од јануари наредната година се најавуваат нови поскапувања, повисоки сметки за струја и парно.

Додека во Европа се преземаат мерки против новиот енергетски удар, владата на Мицкоски ги остава граѓаните сами.

И со новиот ребаланс повторно исто: нема повисока минимална плата, нема мерки против поскапувањата, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати, чија сметка ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

За само две години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот досегашен долг на државата.

Долг врз долг, ребаланс врз ребаланс – а за народот нема пари, граѓаните сè потешко живеат.

Оваа сиромаштија е последица на одлуките на Мицкоски, да нема пари за работниците, да има само за партиските тендери, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 20 степени

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 20 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

3 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, 6 Берово, Тетово, 7 Крива Паланка, Битола, 8 Крушево, Охрид, 9 Прилеп, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, 10 Кавадарци, Куманово, 11 Струмица, 12 Демир Капија, 13 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

4 Гевгелија, 1 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер