Бојковска: И оцените и бројките што ги добиваме покажуват дека се движиме во добра насока - Канал 5

Бојковска: И оцените и бројките што ги добиваме покажуват дека се движиме во добра насока

„Претхдно работниците се оставаа и по 4 месеци без плата, а сега се почитуваат до крај колективните договори а работниците имаат предвидливост“

Бојковска: И оцените и бројките што ги добиваме покажуват дека се движиме во добра насока

Наша цел е не да се задоволиме и да останеме на ова ниво, туку секојдневно да работиме за подобар животен стандард на граѓаните. И оцените и бројките што ги добиваме покажуват дека се движиме во добра насока и тоа ни дава оправданост дека сме на вистинскиот пат. Пензиите за помалку од две години пораснаа за 7000 денари, нешто што претходно за цел мандат на СДСМ претходно, минималната пензција порасна за околу 5500 денари, и тоа за период од 7 години и тоа е дополнителна додадена вредност за џебот на граѓаните. Се зборуваше и за здравството, а всушност се прошири и позитивната листа на лекови за да има достапност и граѓаните да добијат поефтини лекови. Претхдно работниците се оставаа и по 4 месеци без плата, а сега се почитуваат до крај колективните договори а работниците имаат предвидливост, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, во Само Вистини со Видиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор

На обвинителна клупа во четврток седнува 25-годишниот сериски убиец од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. 

Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор

Судењето ќе се одржува во Основниот суд Куманово, каде ќе се расплетува случајот што ја вознемири јавноста, откако по неколкумесечна истрага беа откриени низа тешки злосторства. Од Обвинителството информираат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, на обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Според обвинителниот акт, делата ги извршил од ниски побуди, со намера да ги задоволува своите полови страсти врз мртви женски тела.

Првото убиство, според обвинението, го извршил ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Влегол во домот на повозрасна и немоќна жена додека таа спиела, ја нападнал и почнал да ја задушува. Од здобиените повреди и неможноста да дише, жената починала.

Неколку месеци подоцна, во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година, во селото Драгоманце, според обвинителниот акт, на сличен начин го извршил и второто убиство. Повторно жртва била повозрасна жена.

Третото убиство, според Обвинителството, го извршил во ноќта меѓу 17 и 18 јануари 2026 година во Старо Нагоричане. И во овој случај, обвинението тврди дека жртвата била нападната и усмртена на сличен начин.

Само неколку недели подоцна, во ноќта меѓу 5 и 6 февруари 2026 година во Челопек, обвинетиот, според обвинителниот акт, лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жена.

Во меѓувреме, според обвинението имало и 2 обиди за убиство со умисла, еден лани и еден годинава, двете во село Челопек, но жртвите успеале да се спасат..

Случајот почна да се расчистува на почетокот на годинава, по неговото последно убиство. Првично истрагата се водеше за едно убиство, но по дополнителни криминалистички истражувања и ексхумации беа откриени и останатите жртви.

Дополнително, Обвинителството ја проверува и евентуалната одговорност на полициски службеници и лекари, откако дел од смртните случаи претходно биле евидентирани како природна смрт, без да биде извршена обдукција. Според истрагата, токму тоа оставило простор обвинетиот да продолжи со извршување на делата, се до неговото откривање и апсење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките

Клексанот од 1 јули е на позитивната листа со уште два лека антикоагуланти „надопарин“ и „ривароксабан“ кои се достапни во аптеките, соопшти првиот човек на фондот Сашо Клековски.

Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките

Тој потендира дека двата лека кои чинат од 1.100 денари до 2.700 денари во зависност од дозата се достапни си партиципаија од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Осигурниците имаат право да го изберат лек и без допалта. Изјава Сашо Клековски

„Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од 2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. ​Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски.

Доколку има проблем и од аптеките не ги издаваат лековите за што се жалат граѓаните дека им било кажано дека ги нема, веднаш да пријават во фондот, поради интерноста на аптеките од 1 до 15 јули ќе се прифаќаат рефундации за антикоагулансите.

Клековски е кандидат за нов министер за здравство една од задачите е со идниот директор на фондот за здравство, Златко перински, ќе работат на усогласување за следните лекови на позитивна листа, меѓу кои ќе има за хронична опструктивна болест, за астма, за синдромот на хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетeс, срцеви слабости.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри.

Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри, оти градот остана без ниту една банка. Особено е тешко за повозрасните, кои се најбројни во општината, а единствениот банкомат кој го има во градот, почесто е празен, па, тие зависат од туѓ превоз, кој е редок, а со тоа имаат и дополнителни трошоци. Жителите кои се свесни дека градот е под сериозен удар од „Белата чума“ и се повеќе се празни, за Канал 5 велат дека не исчезнаа само банките, туку и чувството дека државата обезбедува еднаков живот за сите. Стравуваат дека набргу ќе останат и без Итна медицинска помош.

-Многу е комплицирано, возрасен човек, соочени се со здравствени проблеми, соочени се со потешкотии во движење, немаат возила, нема такси, нема автобуси, голем проблем е тоа. Претежно од Источна Македонија се селат во странство, но тоа не значи дека тие што сме останале тука, што сме останати дека не треба да ги имаме основните услови за живот, банка или брза помош, еве се зборува дека, имаме брза помош, зе зборува дека и неа ќе ја затворат. - Герасим Станоевски – Жител на Пехчево

Загриженоста е оправдана и се работи на надминување на состојбата, вели градоначалникот на Пехчево – Китански. Што се однесува до итната медицинска помош, уверува дека проблемот е надминат. Општината според последниот попис имаше речиси 4.000 жители, но жителите сметаат дека градот е дополнително поиспразнет, недостасуваат се повеќе млади.

-Во претходниот период стапив со неколку банки во контакт веќе, има добро расположение, имаме позитивно влијание за отворање на нови експозитури на други банки, а во последниот период сме веќе во сериозни преговори со една поголема банка од Македонија за отворање на канцеларија или експозитура во Пехчево. За да функционираш како градче сепак треба да ги имаш основните услови, а тоа е предуслов младите да се задржат, ако ги немаме основните услови за живот, како ние би влијаеле да останат.- Александар Китановски – Градоначалник на Пехчево

Несоодветно здравство и образование, правна несигурност и егзистенцијата задираат секаде, па и во Пехчево, системските фактори се причините поради кои си одат и оние со повеќе пари – вели вели поранешниот директор на заводот за статистика – Апостол Симовски. Алармот одамна одекна, додава Симовски, кој решението го гледа во ЕУ, а не во краткорочни мерки за наталитет.

-Некаде до 2070 година, Македонија може да остане со не повеќе 1,5 милиони жители, но читав конкретно и една проекција на ОН која вели дека до 2050 година Македонија може да има само милион жители, ова се страшни податоци кои треба да не загрижат и треба час поскоро треба да се свестиме дека мора да се делува. Мерки во смисол на стимулирање на наталитет можат да дадат краткорочен ефект, но генерално се покажале секаде неуспешно, па и кај нас имавме стратегија, суштината е во менувањето на услови, тоа е она што младите го сакаат и заради што би останале дома.- Апостол Симовски – Поранешен директор на Државен завод за статистика

Според последните проценки на државниот завод за статистика, земјава и натаму е со негативен природен прираст од неколку илјади луѓе годишно, односно, во Македонија повеќе луѓе починуваат, а помалку се раѓаат. Ова според експертите, се припишува и на тоа што младите си одат, а со себе го носат и наталитетот во други земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер