Бочварски: Неопходна нова документација со решенија за новонастанатите свлечишта - Канал 5

Бочварски: Неопходна нова документација со решенија за новонастанатите свлечишта

Проблемите во изведбата на трасата на автопатот Охрид – Кичево се од проектантски и технички аспект. 

Бочварски: Неопходна нова документација со решенија за новонастанатите свлечишта

Државата и наредниот период ќе продолжи да работи на трасата, со решавање на косините и свлечиштата, надминивање на спорните точки и новонастанатите проблеми на проектот. Тоа денеска го истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и професори и експерти од градежништвото беа во обиколка на трасата на автопатската делница од Охрид до Кичево.

Бочварски посочи дека тој како министер и Владата не бегаат од одговорност пред јавноста, дека напротив, се работи на надминување на состојбите, во консултација со фидик-експертите и научната фела, за која нагласи дека не била консултирана при проектирањето во првата фаза од изградбата на делницата.

- Тука сме да објасниме технички и практично како се решаваат ваквите проблеми на терен. Клучно е дека за секое од овие свлечишта настанати кон крајот на минатата година, е потребна дополнителна техничка документација со ревизија што ќе ја даде стабилизацијата на тие косини. Голем дел од тие косини се веќе двапати проектирани, сега ќе биде потребна и трето проектирање на иста косина..., Тоа секако е нешто клучно за идно безбедно одвивање на сообраќајот, рече Бочварски.

Се работи за спцифични проектантски дејности, за кои Бочварски апелираше внимателно да се известува јавноста за постапките што ќе следуваат наредниот период.

- Треба да се отвори постапка за дополнително проектирање, потоа да се свика ревизија на таа проектна документација, од која ќе произлезе и предмет-пресметка што ќе ги даде количните и начинот на новата реализација односно решевањето на тие косини, по што ќе влезе механизацијата да работи на трасата според новата проектна документација, рече Бочварски кој посочи дека и во извештајот од фидик-експертот се посочуваат проблеми во техничко-проектната документација.

Министерот додаде дека на делниците на трасата каде нема новонастанати проблеми, градежните работи се одвиваат тековно, а во однос договорот со „Синохидро“ се преговара за новите рокови за реализација, за што јавноста ќе биде дополнително информирана./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер