Боба и Брена се пример за вистинска љубов - Канал 5

Боба и Брена се пример за вистинска љубов

Фановите меѓу другото им порачаа дека тие се пример за вистинска љубов.

Боба и Брена се пример за вистинска љубов

Лепа Брена и Боба Живоиновиќ отпатуваа на одмор во Дубаи, а со заедничката фотографија која пеачката ја објави на социјалните мрежи тие привлекоа многу внимание.

Фановите, меѓу другото им порачаа дека тие се пример за вистинска љубов, преубави и дека многу парови треба да учат од нив.

„Единствен пар без никакви афери, ова е љубов. Секој пар треба да учи од вас“, гласи еден од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат.

Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари

Уште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.

СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари

Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција.

Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари.

Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток.

Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што.

Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните.

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?

Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови.

Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер