Бизарна снимка на Патрис Евра, откако беше осуден на две години условно (ВИДЕО) - Канал 5

Бизарна снимка на Патрис Евра, откако беше осуден на две години условно (ВИДЕО)

Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра (43) е осуден на условна казна од 12 месеци затвор поради напуштање на своето семејство во периодот од мај 2021 до септември 2023 година, објави Le Parisien.

Бизарна снимка на Патрис Евра, откако беше осуден на две години условно (ВИДЕО)

Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра (43) е осуден на условна казна од 12 месеци затвор поради напуштање на своето семејство во периодот од мај 2021 до септември 2023 година, објави Le Parisien, повикувајќи се на одлуката на Кривичниот суд во Нантер.

Евра ја обжали одлуката според која на поранешната сопруга Сандра ќе треба да ѝ плати 4.000 евра за морална штета и 2.000 евра за судски трошоци.

Откако Le Parisien ја објави информацијата, Евра објави бизарно видео на Инстаграм. Во него, облечен во портокалова затворска облека со знак за долар околу вратот и рацете со лисици, тој танцува и игра кошарка на нешто што изгледа како затворски терен.

„Дозволете ми да ја заклучам оваа глупава вест: погледнете колку уживам во затворот“, напиша Евра.

„Господинот Патрис Евра поднесе жалба знаејќи дека на сопругата ѝ обезбедил стан, куќа со базен на југот на Франција и дека ѝ дал позајмица од речиси два милиони евра.“

„Се надевам дека благодарение на оваа одлука, Патрис Евра ќе разбере дека не е над законот и дека не може да ги остави сопругата и децата преку ноќ, особено што се запознале на 15-годишна возраст, а таа го следела низ светот и ја поддржувала неговата фудбалска кариера“, изјави адвокатката Натали Дубоа за Le Parisien и додаде дека Евра на својата клиентка Сандра ѝ должи 969 илјади евра алиментација.

Адвокатот на Евра, Жером Бурсикан, рече дека Патрис ги негира наводите. „Господинот Патрис Евра поднел жалба знаејќи дека на својата сопруга ѝ обезбедил стан, куќа со базен на југот на Франција и ѝ позајмил речиси два милиони евра за секојдневно живеење, сума која таа одбива да ја врати, што е причината за ова судење“, рече Бурсикан.

Сандра (42) и Патрис (43) се венчаа во 2007 година и имаат две деца. Во јули 2020 година, британскиот таблоид Дејли Мејл објави фотографии од Евра како се бакнува со данската манекенка Александра Марго додека тој сè уште беше во брак. Случајот за развод беше покренат пред четири години, а Евра во меѓувреме доби две деца со Марго.

Според податоците на Трансфермаркт, во текот на својата богата кариера, Евра играше како бек за италијанските клубови Марсала 1912, Монца и Јувентус, потоа Ница, Монако и Марсеј во Франција и Манчестер Јунајтед и Вест Хем во Англија.

Освои 19 клупски трофеи, додека за француската репрезентација забележа 81 настап. Играчката кариера ја заврши во 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

Лишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија.  Како што најавивме, на сомнителен начин.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа?

Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани.

По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија.

Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот?

Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара?

Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ.

Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми.

Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .

Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80

Лишен е од слобода романски државјанин, возел со брзина од 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80км/ч.

Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80

На 04.09.2026 во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер