Бишев: Дополнителното задолжување не би ја поткопало фискалната стабилност и одржливост на јавниот долг - Канал 5

Бишев: Дополнителното задолжување не би ја поткопало фискалната стабилност и одржливост на јавниот долг

Фискалниот совет користејќи го моделот за јавен долг на ОЕЦД направи анализа за можни сценарија од дополнителни задолжувања за јавни инвестиции.

Бишев: Дополнителното задолжување не би ја поткопало фискалната стабилност и одржливост на јавниот долг

Притоа, со веројатност од 90 проценти утврди дека дополнителното задолжување не би ја поткопало фискалната стабилност и одржливост на јавниот долг. Ова денеска го истакна дека Глигор Бишев, претседател на Фискалниот совет на презентацијата на резултатите од истражувањето „Влијанието на фискалните политики врз економскиот раст на Косово, Албанија и Македонија“ на академик Абдулменаф Беџети и колеги од Универзитетот на Југоисточна Европа.

-Според првото сценарио, на крајот од 2029 година вкупниот јавен долг би достигнал 64,7 отсто, а според второто сценарио, во 2031 година би изнесувал 63 отсто од БДП. Притоа, клучно е дефицитот врз основа на тековните приходи и расходи во тој период да конвергира кон нула. Носителите на фискалната политика ќе мора на тековна основа да ја следат усогласеноста на буџетските приходи и расходи за да не дојде до надминување на буџетскиот дефицит онака како што е дефиниран со ревидираниот Буџет во висина од 4 отсто од БДП, рече Бишев.

Потенцира дека забрзувањето на економскиот раст во Македонија не доведе до значително зголемување на јавните приходи во однос на БДП, особено не врз основа на ДДВ кој е клучен фискален приход во даночниот систем на Република Македонија.

-Гледано од тој аспект, до крајот на годината клучна ќе биде реализацијата на буџетските приходи за да може буџетскиот дефицит да се одржи во проектираните рамки, нагласи Бишев.

Членот на Фискалниот совет проф. д-р. Марина Трпеска истакна дека со Фискалната стратегија за периодот 2026-2030 година се предвидува постепена, но трајна консолидација на јавните финансии при што од 2027 година буџетските дефицити би се свеле на 3 отсто од БДП, а јавниот долг би се свел под 60 отсто од БДП од 2028 година.

-Ваквата динамика на консолидација би ја задржала здравоста на јавните финансии без поткопување на економскиот раст и зголемувањето на животниот стандард, рече таа.

-Статистичките резултати укажуваат дека бруто долгот има позитивен ефект врз економскиот раст на Косово, Албанија и Северна Македонија за периодот 2000-2023, но не на сите прагови. Ако бруто долгот се користи за инвестиции во развојни проекти, во инфраструктурата и политики насочени кон економско закрепнување, може да го стимулира економскиот раст. Истражувањето покажува дека зголемувањето на приходите, бруто долгот и јавните расходи позитивно влијаат врз бруто-домашниот производ на овие земји, истакна заменик-претседателот на Фискалниот совет и ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, академикот Абдулменаф Беџети презентирајќи ги наодите од истажувањето.

Беџети посочи дека соработката со научно-истражувачките институции е клучен фактор за подобрување на квалитетот на анализите на Фискалниот совет и на тој план Фискалниот совет склучил 11 меморандуми за соработка.

Од Фискалниот совет како клучни фактори за обезбедување на фискалната стабилност ги потенцираа: контролата, отчетноста и транспарентноста.

-Препораки што ги даваме во однос на фискалната стратегија и генерално во јавниот сектор: зголемување на транспарентноста и напредување за известување во јавниот сектор, институционализирање на Cost benefit анализата за сите поголеми капитални инвестиции, односно да не се дозволува капитална инвестиција да се одобрува без претходно таа да биде издржана, подобрување на финансиската позиција на локалната самоуправа на јавни претпријатија, да се засилат капацитетите на локалните самоуправи и на јавните претпријатија и да се ограничи нивната можност за задолжување..., рече Трпеска.

Таа информира дека од јуни 2025 година, Фискалниот совет лансираше блог каде експертската и академската заедница можат да ги искажат своите мислења поврзани со Фискалната политика, јавните финансии, даночната политика и останати теми коишто се во делокругот на работа на Фискалниот совет. Исто така, за поширока информираност на јавноста Фискалниот совет почна со презентација на кратки информации на социјалната мрежа Linkedin. Целта, како што рече, е преку транспарентен и отворен дијалог да се поттикне јавната расправа и да се зајакне информираноста за клучните фискални прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер