Бисексуалец и непознат музичар – Кој е победникот на Евросонг? (ВИДЕО)

Данкан Лоренс и ја донесе победата на Холандија на Евросонг и тоа по цели 44 години.

Интересно е дека пред финалето кладилниците на 24 – годишниот Холанѓанец му даваа само 51 процент шанси за победа. Иако до самиот крај беше неизвесна победата , сепак со 492 гласа Данкан го освои првото место со 27 гласа повеќе од воторпласираниот Француз , Махмуд.

Се до одлуката дека ќе ја претставува својата земја на Евросонг , не беше познат во Холандија , никој не полагаше голема надеж , а тој изјавуваше дека е така подобро зашто ќе се докаже дека ништо не е неможно.

Вистинското име му е Данкан де Моор , а дипломирал на Рок академијата во Тилбург. Стигнал до полуфиналето на релното талент шоу.

На прес конференцијата пред настапот во Тел Авив , Данкан призна дека е бисексуалец. ,,Јас сум повеќе од пејач, јас сум личност , живо суштество , ја сум бисексуалец , јас сум музичар , се залагам за некои работи. Горд сум што добив шанса да покажам кој сум.” рече Данкан.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер