Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ЖивотБил Гејтс има 100 милијарди долари , а еве на што ги троши парите Бил Гејтс влезе во најтесниот клуб на милијардери со над 100 милијарди долари богатство. Пред него е само основачот на Амазон , Џеф Безос.Според американските медиуми , Гејтс денеска е побогат за 9,5 милијарди долари од лани во истото време или за 24 милијарди побогат од пред пет години. Додаваат и доколку Гејтс дневно би трошел по милион долари , би му требале 245 години за да го потроши целото денешно богатство. Тој вели дека не сакал никогаш да биде потрошувач , но богатството го разгалило , па има приватен авион во кој може да се сместат 19 луѓе и чини 40 милиони долари. За својот дом во Медина му требале седум години и 63 милиони доалри за да го уреди по свој вкус. Земјиштето го купил 1988 за два милиони долари , а денесак вреди 125 милиони. Во 2017 самоз а тоа земјиште палтил данок од над милион долари. Тој во куќата има уреди вредни над 150 000 долари , кои покажуваат различни фотографии на допир. Но има и вистински уметнички слики , како онаа на Винслоу Хомер , која во 1988 ја купил за 36 милиони долари. На имотот има и базен , сместен во посебен одддел и библиотека. Во неа е сместен ракописот на Леонардо да Винчи , кој Гејтс во 1994 го купил за 30 милиони долари. Во куќата има шест кујни и 24 бањи , како и гаражаз а 23 автомобили. View this post on Instagram I’m a huge fan of @rogerfederer, so the chance to play tennis with him is a dream come true. It's also a great opportunity to shine a light on the terrific philanthropic work that he and his family are doing in southern Africa. I’ll get to play alongside him again tonight in the #MatchForAfrica (which you can watch live on Facebook). A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) on Mar 5, 2018 at 4:58pm PST Гејтс има и ранч на Флорида од 18 000 квадратни метри и на него има луксузна вила. Само за недвижности на тоа подрачје потрошил 27 милиони долари. Го купил имотот за да има каде да јава коњи неговата ќерка Џенифер. Во Калифорнија има имот на 228 хектари , кој го купил за 18 милиони долари , а таму има патека за трки , овоштарник и пет штали за расни коњи.гејтс има и голем број недвижности како хотели било поединечни , како и половина од синџирот на хотели Four Season Holding. Во 2013 го купил , на пример клуксузниот Риц Карлтон во Сан Франциско , вреден 161 милиони долари. View this post on Instagram #TBT to that time I traveled halfway across the world to look at a toilet. A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) on Feb 21, 2019 at 7:10am PST Тој сака и да патува , за што има и јахта вредна 5 милиони долари. Но , Гејтс најмногу пари заедно со сопругата Мелинда трошат за хуманитарни цели. Има своја фондација , а донира и во истражување на лекови за разни болести. Така во 2017 вложи 50 милиони долари во истражување на лек за Алцхајмеровата болест. Преку нивната фондација само во 2017 донирале 4,78 милијарди долари. Вели дека по смртта на своите три деца ќе им остави само по 10 милиони долари , зашто не сака да бидат мрзеливи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter