Шоу бизБијонсе објави нов албум со 27 песни, фановите се воодушевени (ВИДЕО)Обожувателите конечно го пречекаа Cowboy Carter.Бијонсе го издаде својот осми студиски албум кој веќе добива позитивни критики. Никој не очекуваше дека пејачката ќе објави дури 27 песни. На албумот има гости од големите ѕвезди на светската музика - Доли Партон, Вили Нелсон, Мајли Сајрус, Пост Мелоун и многу други. Со новиот албум Бијонсе се фрли во кантри водите, што е отстапување од нејзиниот претходен поп и R&B стил. Секако дека се очекува многу од насловната страница на класиката на Џолин Доли Партон, која се издвојува затоа што Бијонсе го сменила текстот. Во песната Protector е вклучена и ќерката на Бијонсе, Руми Картер. На Blackbird има гости Танер Адел, Бритни Спенсер, Тиера Кенеди и Рејна Робертс. Албумот, објавен денес на сите платформи од Parkwood Entertainment и Columbia Records, Бијонсе го посвети на нејзиното воспитување во Хјустон, град кој се гордее со својот каубојски начин на живот и кантри музиката. Таа вели дека работела на албумот пет години. „Мојот дедо од страната на татко ми ја сакаше кантри музиката и секоја година ме носеше во родео во Хјустон, што беше најголемото искуство за мене. А мојата инспирација беше традицијата на црните каубои, кои, се разбира, беа дискриминирани и принудени да работат најтешките работи со најнепослушните грла. За да покажат што знаат, тие го формираа таканаречениот Soul Circuit, кој вклучуваше и црни родео шоуа“, рече таа. Малку е да се каже дека фановите на пејачката се воодушевени. Откако беше објавен албумот, имаше многу реакции на Х и на другите социјални мрежи. BEYONCE GIRL YOU DID IT AGAIN !!! SPEECHLESS 😫#COWBOYCARTER pic.twitter.com/U3e2BRY1Q9 — Caids 💛🌼 (@CaideneO) March 29, 2024 I’m so overwhelmed 😩😩 I can’t contain this masterpiece every damn song sound so good! #tyrant #Beyonce #COWBOYCARTER — Azia (@Azia___josef) March 29, 2024 I wanna cry, buy a gun, shoot it, make love to my man, find a woman and make love to her too, smoke a cig, drink whisky, dance, teach my kids right from wrong, fuck a little more, read a history book, work the land at sunrise, and all other manners of feelings after that album. — Danez (@Danez_Smif) March 29, 2024 Alright!!!! I’m awake!!!! Let’s get it!!! #Beyonce #COWBOYCARTER pic.twitter.com/y8suj2xubo — BIG LEX NOT THE LITTLE (@Hi_iMChocolate) March 29, 2024 .@Beyonce IT WAS NO SLOWING YOU DOWN AFTER TRACK 15 😭😭 I love the whole album, you’re a treasure, you’re talented and it’s appreciated by music lovers all over the world!!! One of one while also being one of none 🥳 Thank you Queen. — DADDY KEN (@fineasskent) March 29, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.Се уште нема одговор од бугарска страна по упатеното барање од македонското МНР за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија на 8-ми октомври. На неколку дена пред состанокот, бугарската претседателка Илијана Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба. „Засега ќе бидам умерен оптимист, затоа што е за прв пат од високо ниво во ЕУ се советува владата на Република Македонија, се сеќавате имаше неколку посети на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој упати иста порака но резултати немаше. Се уште немам детали од раговорот во четири очи со Фон Дер Лајен. Но се надевам дека имала цврст став, знаете дека за две недели ќе се разгледува извештајот за напредкот на Македонија во Европската комисија. Се надевам дека имаат чисти мисли и искрена желба. Ќе разговарам со министерката за надворешни Велислава Петрова и сакам да се започнаам со текстот на упатената нота и како точно е формулирана“ - Илијана Јотова, в.д Претседателка на Бугарија Поранешниот амабасадот во Бугарија Марјан Ѓорчев смета дека Европската Комисија јасно укажала дека очекува искрен и контруктивен дијалог и смета дека Софија ќе прифати, но неговите проценки се дека нема да има конкретен исход за надминување на блокадата уште не првата средба. Но според него тоа ќе биде прв чекор кон враќање на довербата меѓу двете страни. „ЕК ќе инсистира на еден искрен разговор помеѓу минситрите за надворешни работи и во таа насока сигурно дека нивните преставници разговарале со бугарските политички чинители и од тука мислам дека ќе прозилезе конструктивен и плодотворен дијалог меѓу министрите. Размисмилсувам позтивно и мислам дека и бугарската страна разбира дека не ќе може со таа флоскула потпишавте - исполнувајте да продолжи и понатаму затоа што ЕК инсистира и двете страни да вложат напори за подобрување на односите. Доколку продолжи инсиситрањето на Комисијата и Бугаријха да даде свој прилог во напредување на односите меѓу двете држави, тогаш сигурно ќе има и понатамошни чекори во таа насока. Ова е би рекол првично кршење на мразот и мислам дека е добро да се постигне еден коректен дијалог со враќање на доцербата во разговорите“-Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија Дека посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава и предлогот кој прозилезе од неа за билатерална средба може да бидат клучни за процесите кои престојат за надминување на блокадата, вчера посочи и премеирот Христијан Мицкоски. „ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Очекувањата на премеиеот Мицкоски се дека официјална Софија нема да си дозволи да не прифати билатерална средба иницирана од ЕУ, а средбата со фон дер лајен ја оцени како како корисна и пријателска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано. -Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ. Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев. Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. -Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помоштаНа целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива. Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи. Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter