Безос конечно успеа да лансира ракета во орбитата (ВИДЕО) - Канал 5

Безос конечно успеа да лансира ракета во орбитата (ВИДЕО)

Американската вселенска компанија Blue Origin денеска успешно ја лансира својата најголема ракета, New Glenn, во орбитата на Земјата за прв пат.

Безос конечно успеа да лансира ракета во орбитата (ВИДЕО)

Американската вселенска компанија Blue Origin денеска успешно ја лансира својата најголема ракета, New Glenn, во орбитата на Земјата за прв пат, означувајќи пресвртница за основачот на Amazon, Џеф Безос, додека на ривалот SpaceX му прави сериозна конкуренција, објави Си-Ен-Ен.

Стоејќи висока 98 метри, приближно со големина на зграда од 30 ката, ракетата Њу Глен успешно полета околу 02:03 часот по локално време (07:03 GMT) од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, и покрај неповолните временски услови.

Првиот лет на оваа моќна ракета се чекаше со години и неколку пати беше одложуван, а во понеделникот лансирањето дури беше откажано во последен момент поради технички проблем. Меѓутоа, доколку мисијата оди според планот, се очекува Њу Глен да стигне до орбитата, што ќе биде прво за приватната вселенска компанија основана во 2000 година.

„Сè што е над тоа, е бонус“, рече Дејвид Лимп, извршен директор на Blue Origin.

Иако компанијата веќе неколку години превезува туристи во вселената со својата ракета Њу Шепард, таа сè уште нема изведено ниту еден орбитален лет.

YouTube video

Сега, со многу помоќниот New Glenn, компанијата планира да се пробие на нов пазар – лансирање комерцијални и воени сателити во орбитата, како и вселенски летала и астронаути, со што ќе се натпреварува со SpaceX, кој е во сопственост на друг американски милијардер, Илон Маск.

Неговата компанија моментално доминира на пазарот со ракетите Falcon 9 и Falcon Heavy и работи на развој на нова, најголема ракета досега. И таа мега-ракета, наречена Starship, треба денеска да го изврши својот седми пробен лет, откако вчера беше одложен, доколку временските услови дозволуваат.

Џорџ Нилд, претседател на компанија која промовира приватни вселенски активности, смета дека лансирањето на Њу Глен е добра вест за целиот вселенски сектор бидејќи „добро е да се има конкуренција, да се има опција за избор“.

„Ова е исклучително важно за комерцијалната вселенска индустрија, но исто така и за владата и НАСА“, бидејќи не само што ги намалува трошоците, туку обезбедува и алтернатива „во случај на проблеми со опремата“, објасни тој за АФП пред летот.

Инаугуративната мисија на Њу Глен се очекува да трае шест часа. Тоа е мисија без екипаж. Доколку ова лансирање биде успешно, дополнителни летови на Њу Глен се очекуваат во текот на 2025 година.

Blue Origin веќе има потпишано договори со неколку клиенти, меѓу кои и американската вселенска агенција која ќе ја користи ракетата за беспилотна мисија на Марс и американската влада која ќе ја користи за мисии за национална безбедност.

Од комерцијална страна, Blue Origin планира да распореди интернет сателити за неколку компании и, како SpaceX со Starlink, да биде одговорен за лансирање сателити од групата Amazon.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

 Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство  на прв на тест пред Европскиот совет. 

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат..

Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година

Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 години

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки.

Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија.

-Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски.

Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите.

Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на „Алта пеј груп“ (Alta Pay Group), бил вратен од аеродромот во Подгорица, откако му било врачено решение со кое му се забранува влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност. 

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Ова за црногорскиот весник „Вијести“ го потврдиле неколку независни извори. Мацура е поранешен сопственик на ланец менувачници, чиј деловен подем, според неделникот „Радар“, се совпаднал со доаѓањето на власт на Српската напредна странка.

Овој медиум објави дека неговата компанија „Алта пеј груп“ за пет години остварила нето-добивка од 59 милиони евра.

Мацура е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“, а неговите деловни активности опфаќаат финансиски сектор и недвижности. Неговата компанија „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent) го купи имотот на поранешната Индустрија за мотори и трактори (ИМТ) во Нов Белград за 70 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер