Кога својот вистински идентитет го откри пред детето по име Николас, тоа се расплака.....
Кристијано Роналдо уште во јануари објави дел од видеото во кое преправен во бездомник шета низ центарот на Мадрид, игра фудбал со едно дете и потоа го открива својот вистински идентитет.
Сега го објави целото видео.
„Луѓето ќе помислат дека сум луд“ – објави Роналдо на Фејсбук заедно со видеото на кое преправен како бездомник покажува што може со топката.
Ѕвездата на Реал со детето по име Николас играше фудбал за потоа да му се потпише на топката и да го открие својот вистински идентитет.
Детето не можеше да поверува дека играло со еден од најдобрите светски фудбалери и се расплака. Овој момент сигурно нема никогаш да го заборави.