Без возачка и со 2,52 промили алкохол во крвта дебранец „летал“ по улици во градот - Канал 5

Без возачка и со 2,52 промили алкохол во крвта дебранец „летал“ по улици во градот

Дебранец со голема брзина, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со патничко возило „мерцедес“ се движел низ градот.

Без возачка и со 2,52 промили алкохол во крвта дебранец „летал“ по улици во градот

- На улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар, во 1:30 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар. Тој, претходно, на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, управувајќи возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, не застанал на полициската патрола, од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и се дал во бегство, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охrрид.

Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.

Акциска контрола во Македонска Каменица

Од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Акциска контрола во Македонска Каменица

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24,00 часот. За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието.   

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

-Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, напиша на неговиот официјален фејсбук профил Николоски кој заедно со владини министри присуствуваше на заедничката прес-конференција во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор Метју Лосон по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади и претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, што е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кој наредната недела треба да биде потпишан во Лондон.

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

УХМР за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до 26 степени.

притисни ентер