Бесмира Ејупи заминува на неколкумесечна испомош во конзулатот во Бон,потврдија од МНР

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германиј.

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германија, потврдуваат од МНР за Канал 5. Министерот Бујар Османи пред напуштање на владиниот кабинет, освен за Бесмира Ејупи, потпишал решенија за испраќање и на други вработени во министерството на неколкумесечна испомош во ДКП-ата каде во летните месеци имало зголемен обем на конзуларни услуги.

„ Во текот на летните месеци во конзуларните претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома се праќаат вработени од МНР на неколку месеци испомош за да се олесни издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва. “ – велат од МНР.

Освен решенија за испраќање на лица за испомош во ДКП-ата, пред напуштање на владиниот кабинет, министерот Османи пред две недели распишал и интерени конкурси за испраќање на околу 15-тина нови дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва на Македонија ширум светот. Од МНР за ова велат дека станува збор за редовни административни циклуси, а дали ќе завршеле конкурсите зависело од новиот шеф на дипломатијата.

Ваквата одлука на Османи наиде на критика од Македонскиот дипломатски синдикат, од каде веднаш по распишувањето на огласот за Канал 5 изјавија дека процедурата за избор на нови дипломати во нормални услови трае од 1 до месец и половина, така што некоректно е, сега да се распишува конкурс во време кога за десетина дена очекуваат нов министер.

„Сметаме дека е некоректно и према колегите но и политички некоректно на 10 дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кој диполмати се соодветни за одредени места.-изјави Веле Трпевски – претседател на МДС .

Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук се пофали дека во галеријата уметнички слики на досегашните премиери во Владата ќе стои и негов портрет а објави и заедничка фотографија со авторот на портретот, на лпгп му се заблагодари на како што пишува маестралното сликање на неговиот премиерски портрет ..

Џафери е третиот технички премиер и согласно договорот од Пржино со владата ќе раководи до изборот на новиот владин кабинет што треба да се случи за една недела.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер