Бешикташ го отпушти Солскјер - Канал 5

Бешикташ го отпушти Солскјер

 Норвежанецот Оле Гунар Солскјер доби отказ на клупата на турски Бешикташ, само седум месеци откако го презеде клубот од Истанбул, јавија денеска турските медиуми.

Бешикташ го отпушти Солскјер

Одлуката на клупското раководство да се раздели со Солскјер доаѓа по елиминацијата на Бешикташ од европските клупски натпреварувања и поразот синоќа од 0-1 на домашен терен од швајцарскиот тим Лозана.

Првиот натпревар во Лозана заврши нерешено 1-1 и триумфот во Истанбул беше доволен Лозана да обезбеди пласман во главната фаза од Конференциската лига.

„По елиминацијата од Конференциската лига на УЕФА, одборот на директори на Бешикташ одржа вонреден состанок и одлучи да се раздели со главниот тренер Оле Гунар Солскјер“, се вели во соопштението на клубот. „Одборот, исто така, му се заблагодарува на Солскјер за неговите услуги во Бешикташ и му посакува среќа во понатамошната кариера.“

Солскјер во јануари потпиша 18-месечен договор со Бешикташ со опција за продолжување на соработката за уште една година./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!

Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот.

Ѓорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!

„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.

Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само.

Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела.

Тоа Скопје не го заборава.

Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка.

Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти.

Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела.

Затоа Скопје денес е светски град.

Скопје памети.

Скопје сочувствува.

Скопје помага.“- објави на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струја

Куба се бори да ја врати струјата откако колапсот на националната мрежа еден ден претходно остави милиони луѓе низ карипската островска земја без струја, објави Ројтерс.

Куба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струја

Струјата постепено се враќа

Националниот оператор на мрежата „UNE“ соопшти рано во вторник дека повторно ја поврзал централна Куба, од западното пристаниште Мариел до покраината Санкти Спиритус. Сепак, источните и западните делови на островот остануваат без струја. Во главниот град Хавана, струјата беше вратена во околу една третина од градот до вторник наутро, но снабдувањето сè уште беше прекинато и големи делови од градот останаа во темнина.

Трет голем прекин оваа година

Властите сè уште не ја објасниле целосно причината за прекинот на струјата што се случи во понеделник. Тоа беше трет голем колапс на мрежата што ја погоди земјата оваа година, оставајќи исцрпено население од речиси 10 милиони луѓе без струја преку ноќ.

Зголемен притисок од САД

Најновиот колапс на мрежата доаѓа во време кога САД значително го зголемија притисокот врз Куба. Администрацијата на претседателот Трамп ги прекина испораките на гориво на островот и воведе строги санкции во обид да наметне промена во комунистичката влада на Куба. Куба и Обединетите нации ги оценија овие мерки како нелегални и како кршење на човековите права на жителите на островот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Ч.(32), З.Т.(26), Д.М.(22), Б.Е.(20) и Е.Ш.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Л. (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.П.(41) и Н.Н.(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П., а во кое сопатничка била Н.Н., пронајдена е марихуана.

На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ц.(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер