Беровско езеро располага со доволни количини вода за водокорисниците - Канал 5

Беровско езеро располага со доволни количини вода за водокорисниците

И покрај горештините, Беровско езеро располага со доволни количини вода за водокорисниците. 

Беровско езеро располага со доволни количини вода за водокорисниците

Зоран Аговски, директор на подружницата на АД ,,Водостопанство” на РМ информираше дека самиот факт што водостојот е на 3,5 метри пред прелив говори дека во езерото има доволно количини на вода.

– Ние стопанисуваме со акумулацијата на Ратевска Река или попозната како Беровско Езеро. Во оваа година и покрај големите горештини успеавме да обезбедиме да има доволно количини за водоснабдување, наводнување, значи на некој начин е намалена потрошувачката за производство на електрична енергија имајки ги во предвид горештините, имаме доволно количини на вода, езерото е 3,5 метри пред прелив, што значи да се дојде до една ваква количина, тоа е стварно на завидно ниво, рече Аговски.

Подружницата истовремено врши редовно наводнување како и снабдување со сурова вода за потребите на Јавното комунално претпријатие кое во моментот исто така нема никаков проблем.

-Редовно вршиме наводнување, еве веќе во овој период, дел од нашите корисници по трет и четврт пат имаат наводнувано и ако продолжат така температурите ќе продолжиме да испорачуваме вода непречено за нашите водокорисници, додаде Аговски.

Подружницата на АД ,,Водостопанство” како што додаде и нејзиниот директор, стопанисува и на територијата на Општина Делчево, каде претежно корисниците користат вода од река Брегалница и река Желевица. Со Брегалница додава тој засега нема проблеми, додека попроблематична во однос на количините на вода со кои располага е Желевица каде со редовно и навремено менаџирање досега претпријатието нема регистрирано поголеми проблеми околу водоснабдувањето.

Доколку продолжат горештините и се јави проблем со недостиг на вода, како што додаде Аговски ќе се прават обиди на сите водокорисници да им се обезбеди вода за пиење./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корина Шумахер открива -Плачам во себе кога...

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина по подолг период проговори за својот сопруг-: Плачам во себе кога... Корина откри што најтешко поднесува.

Корина Шумахер открива -Плачам во себе кога...

По подолг период, Корина Шумахер отворено зборуваше за својот славен сопруг, Михаел, и за животот што го водат по неговата тешка несреќа на скијање во 2013 година.

Сопругата на седумкратниот шампион во Формула 1 се појавува во новиот документарен филм „Шумахер '94: Раѓањето на една легенда“ (Schumacher '94: The Birth of a Legend), кој првенствено се фокусира на сезоната 1994 и на освојувањето на неговата прва светска шампионска титула.

Филмот трае 105 минути и ќе биде достапен на „Нетфликс“ од 2 октомври.

Во филмот, Корина зборува за почетоците на нивната врска, како и за емоциите што денес во неа ги буди песната „Rush Rush“ на американската пејачка Пола Абдул.

„Тоа беше нашата песна во тоа време. Кога ќе ја слушнам во автомобилот денес, плачам во себе“, изјави Корина.

Во документарниот филм, Корина емотивно зборуваше за тоа како ги доживувала успесите и неуспесите на Михаел во текот на неговата кариера.

– Срцето ми чука за него кога победува. А и кога губи. Срцето секогаш ми е со него – рече таа. Таа додаде дека е особено убаво чувство кога си со личноста со која со нетрпение се среќаваш секој ден. Во последниве години, Корина ретко зборуваше јавно за животот на нејзиниот сопруг по несреќата.

Семејството уште од самиот почеток инсистира на целосна приватност, а објавени се многу малку веродостојни информации за неговата здравствена состојба.

Документарниот филм не зборува конкретно за моменталната состојба на Михаел.

Мајкл Шумахер се здоби со тешки повреди на 29 декември 2013 година, кога падна додека скијаше на француските Алпи и удри со главата во карпа.

По несреќата, тој помина неколку месеци во болница и беше во кома. Во јануари оваа година се појавија нови медиумски извештаи според кои тој повеќе не е трајно врзан за кревет и поминува дел од времето во инвалидска количка, со помош на лицата што се грижат за него.

Овие тврдења доаѓаат од извори блиски до семејството и не се официјално потврдени од Корина или од медицинскиот тим. Семејството сè уште нема јавно објавено детален извештај за неговата здравствена состојба.

Така, новиот документарен филм првенствено нуди редок увид во животот на Мајкл и Корина од периодот пред несреќата, како и емотивни зборови од неговата сопруга за нивната врска – врска која, како што открива нејзиното сведоштво, и денес останува централен дел од нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.М.(26) и С.Н.(30), двајцата од Скопје, Д.К.(26) од с.Јурумлери, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, К.Д.(47) од Гостивар, А.С.(18) од Неготино, М.К.(46) од Гевгелија, Б.П.(36) од Прилеп и К.Д.(48) од Битола.

Додека, пак, Ј.Т.(36) од с.Виничани, Општина Градско, управувал моторно возило под дејство на алкохол, а Ф.Г.(20) од Кочани управувал моторно возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за Барутана

Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана.

Демант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за Барутана

Не поседувам никаков имот на посочената локација, ниту имам каков било интерес во врска со истата. Тоа се однесува не само на мене, туку и на компаниите кои се во моја сопственост и сопственост на членовите на моето семејство.

Овие факти лесно може да се проверат во Централниот регистар и надлежните институции.

Споменувањето на моето име во текстот на Призма е надвор од секаков контекст во врска со Барутана и се сведува на наведување на деловни активности од пред десет години кои на никаков начин не се поврзани со актуелниот случај, при што на ваков тенденциозен начин на известување, доведуваат до креирање на погрешна перцепција кај јавноста.

Не знам кои се причините за пласирање на вакви невистини и мое инволвирање, но секое изнесување на неточни и непроверени информации кои може да нанесат штета повлекува одговорност.

Затоа барам согласно Законот за граѓанска одговорност да биде објавен овој демант и да бидат повлечени лажните информации.

Сашо Мијалков

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер