Берлин би можел да стане првиот голем град без автомобили, одлуката се носи следната недела - Канал 5

Берлин би можел да стане првиот голем град без автомобили, одлуката се носи следната недела

Во текот на следниот месец ќе биде донесена одлука дали Берлин ќе стане град без автомобили.

Берлин би можел да стане првиот голем град без автомобили, одлуката се носи следната недела

Тројца пријатели дошле до идеја за Берлин без автомобили во 2019 година. Тие ја основале групацијата Volksentscheid Berlin Autofrei и тргнале да ја промовираат идејата за ограничување на автомобилите и замена со градските железници Ringbahn. Наскоро била покрената петиција, која собрала повеќе од 50.000 потписи минатата година. Идејата сега ја разгледува Сенатот на Берлин, а одлуката ќе биде донесена следната недела.

Доколку се усвои идејата, Берлин речиси целосно би бил „исчистен“ од автомобили. Право на сообраќај ќе имаат службите за итни случаи, комуналните услуги и такси и возилата за испорака. Исто така, преку програмите за споделување автомобили, жителите од време на време би можеле да користат автомобили.

Според последниот сообраќаен извештај од 2014 година, дури 58 отсто од сообраќајниот простор е за автомобили, а тие сочинуваат една третина од сообраќајот во Берлин. Од друга страна, само 3 отсто од просторот е наменет за велосипеди, кои сочинуваат 15 отсто од сообраќајот во Берлин.

„Тоа е исто толку за нашата непосредна околина, колку и за животната средина како целина“, изјави ко-основачот Нина Нобл за The Guardian. „Сите сакаме да живееме, да дишеме и да играме заедно. Сакаме луѓето да можат да спијат со отворени прозорци и децата повторно да можат да си играат на улица. Бабите и дедовците треба да можат безбедно да ги возат своите велосипеди и да имаат многу клупи за одмор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

5 Попова Шапка, Маврови Анови, 6 Лазарополе, 8 Крушево, 11 Битола, 12 Претор, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тетово, Берово, 15 Скопје-Петровец, Кавадарци, Охрид, Штип, 16 Велес, Демир Капија, 18 Виница, 20 Струмица, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претежно облачно, наместа со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h.

До крајот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо, објави шпанската ABC, повикувајќи се на извори во раководството на Народната партија.

Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година во владата на Маријано Рахој, а по напуштањето на политиката ја презеде функцијата претседател на Фондацијата CEOE, поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во 1967 година во Хуелва и беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент многу години.

Градскиот совет на Севиља прогласи тридневна жалост

Градоначалникот на Севиља, Хозе Луис Санц, исто така, го посети центарот за поддршка поставен на железничката станица Санта Хуста за да им помогне на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Урда (Толедо).

Градоначалникот им понуди на семејствата сите расположиви општински ресурси „за сè што им е потребно“, вклучувајќи психолошка поддршка, сместување, транспорт и други услуги.

Градоначалникот прогласи тридневна жалост за жртвите и го суспендираше својот официјален распоред. Санц објасни дека членовите на најблиското семејство отишле на местото на несреќата, а некои ги зедоа своите најблиски.

Минут молк објавен низ цела Шпанија во 20 часот.

Шпанската федерација на општини и покраини (FEMP) повика на минута молк во 20 часот оваа среда на влезовите на сите шпански градски собранија во спомен на жртвите од несреќата со брзиот воз во Урда (Толедо).

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, FEMP објасни дека повикува на молк „во спомен на жртвите од железничката несреќа“ што се случи утрово во Урда, каде што се судрија два воза.

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија нагло се зголеми: Постојат стравувања дека има повеќе жртви

Според најновите податоци, најмалку 64 лица загинаа во железничката несреќа што се случи утрово во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, според извори од регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Нејзиниот претседател, Емилијано Гарсија-Паж, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Повредени се и 80 лица, од кои 50 се сериозно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер