Таква е преработката и на Бентли Бентајга , еден од најлуксузните СУВ автомобили на светот. Бентли е преработен во црна боја и карбон , со што доби и на динамичен изглед. За тоа придонесуваат и новите издувни вентили , покривно крило , како и бандажи од 23 инчи.
Дополнително , автомобилот во мирување со притисок на копче на далинското ќе може да се спушти или дигне на сакано ниво.
Ентериерот се истакнува по најфината кожа , но според желбата на потрошувачот тоа може да се смени.
Моторот е 4.0 V8 бензинец со 550 коњски сили и 770 Нм. Од 0-100км/час може да достигне за 4,5 секунди со максимални 290 км/час.
Почетната цена на Бентли Бентајга во Британија е 136 200 , додека на преработениот модел е 169 995 фунти.