Бен Афлек и поклонил на Џенифер ѓердан со посебно значење

Познатиот актер Бен Афлек одлучил да ја изненади Џенифер Лопез со романтичен гест за нејзиниот 52. роденден.

Актерот на латино дивата и поклонил посебен ѓердан во чија изработка учествувал и самиот.

Основачот на брендот „Foundrae“, Бет Бугдакеј објасни за „People“ каква порака се крие во овој накит.

Ѓерданот има неколку приврзоци, Бен се одлучил за цветот затоа што се храни со страст и покрај неволјите што им се случиле а избрал и трн кој го симболизира ризикот од љубовта.

Џеј Ло го носела ѓерданот на прославата на роденденот, кој со актерот и пријателите го прославила на јахта во Сен Тропе.

После неколку недели шпекулирање, Бен и Џенифер неодамна објавија дека и официјално ја обновиле врската по 17 годни, а верните фанови се многу среќни поради тоа.

ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за стратешко партнерство

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател денес потпишаа заедничка „заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, јави дописникот на МИА од Белград.

-Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво, кажа Си пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Стано: Присуството на инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Присуството на протоколарен настан како инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Учеството на неколку земји членки на ЕУ на еден протоколарен настан како што беше вчерашната инаугурација на новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, не ја доведува во прашање нивната поддршка за Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Големо мнозинството земји членки решија не присуствуваат од повеќе причини, како што се дека Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд, Путин го крши меѓународното право и Повелбата на ОН, Путин развива многу репресивен систем во Русија... Сите ние, 27 земји членки многу јасно се произнесовме за претседателските избори и кажавме што мислиме за овие т.н. избори, изјави Стано.

Тој нагласи дека во исто време јасен е и ставот на земјите членки на ЕУ во однос на безусловната финансиска, економска, политичка, дипломатска и воена поддршка на Украина .

- Така што учеството на дипломати на протоколарен настан, како вчерашниот во Москва, не е во противречност со договорената позиција на ЕУ и на 27-те земји членки за континуираната поддршка за Украина во нејзината борба против илегалната агресија што ја започна Путин, додаде Стано.

Тој потсети дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги повика земјите членки да не присуствуваат на церемонијата, но нагласи дека сепак одлуката за тоа дали ќе учествуваат на инаугурацијата сепак е билатерално прашање и суверено право на секоја држава.

- Ова не е првпат ЕУ да не успее да дејствува единствено и тука нема ништо невообичаено. Сите земји што решија да учествуваат имаат свои причини за тоа и беа претставувани на различни нивоа, додаде Стано, потенцирајќи дека шефот на Делегацијата на ЕУ во Москва, како и големо мнозинство земји членки на Унијата сепак не присуствуваа на церемонијата.

На прашање дали ЕУ го признава Путин како легитимен претседател на Русија, Стано истакна дека тоа е одлука на 27-те земји членки, а тие досега не донеле решение за непризнавање на легитимноста на Путин, кој како што рече „седи во Кремљ и од Кремљ раководи со една од најсуровите и накрвави агресии во поновата историја на Европа“.

притисни ентер