Белорусија распоредува тенкови на границата со Украина - Канал 5

Белорусија распоредува тенкови на границата со Украина

Белорусија почна да распоредува тенкови долж границата со Украина, соопшти белоруското Министерство за одбрана, по информациите дека Белорусија соборила неколку украински беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор, јави ДПА.

Белорусија распоредува тенкови на границата со Украина

МО објави видео на Телеграм на кое се гледа како тенкови се товарат на товарни вагони. Единиците се подготвени да ги извршуваат наредбите, се додава во соопштението.

Информацијата беше објавена откако белорускиот лидер Александар Лукашенко нареди засилување за војниците во југоисточниот дел на земјата, долж границата со Украина, во регионот Гомел и Мозир, за да можат да реагираат на потенцијалните провокации од соседната земја.

Лукашенко денеска изјави дека белоруската ПВО е ставена во целосна готовност по наводното навлегување на 10 украински беспилотни летала во Источна Белорусија, во регионот Костјуковичи.

Според него, Белорусија соборила неколку од украинските дронови. Белоруските државни медиуми објавија дека белорускиот воздушен простор бил нарушен во петокот.

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека повредата на воздушниот простор е „опасен обид за проширување на сегашната зона на конфликт во нашиот регион“./МИА

Бурна седница во Советот на Кочани, спречена физичка пресметка ВИДЕО

На денешната седница на Советот на општина Кочани дојде до обиди за физички пресметки помеѓу поедини советници, при што од пластично шише полно со вода настрада службено лице-правник вработена во Локалната самоуправа!

Бурна седница во Советот на Кочани, спречена физичка пресметка ВИДЕО

Притоа беше спречен поголем инцидент , откако интервенираа дел од другите присутни во салата.

Непосредно по драматичниот инцидент во ходникот се појавија поддржувачи на советникот Аки Акиов , а набрзо пристигнаа и полициски службеници кои земаа изјави од присутните во врска со инцидентот.

Седницата е прекината, без најава дали и кога ќе продолжи, пренесува локалната телевизија.

По седум години повторно отворен комлексот „Македонско село“ на Водно, нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“

Посетителите повторно ќе можат да отпатуваат во минатото гледајќи ги автентичните куќи и старите занаети, но и да вкусат традиционална храна на чист воздух.

По седум години повторно отворен комлексот „Македонско село“ на Водно, нов концесионер е фирмата  „Ла Тераца“

Посетителите кои ќе одлучат да го посетат Македонското село во Нерези, ќе се потсетат на животот во Македонија во минатото, но и ќе се релаксираат со вкусна храна, соби со поглед на градот и чист воздух. На отворањето на Македонско село присутен беше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека со повторното ставање во функција на овој коплекс, Скопје добива уште едно атрактивно туристичко место.

Според него, ова е дел од поширока стратегија за ревитализација на напуштени јавни простори, која постепено се реализира низ државата.Тој ги повика граѓаните, како и туристите кои престојуваат во главниот град, да го посетат комплексот и да уживаат во содржините кои ги нуди.

Македонското село кое се наоѓа на падините на Водно, доби нови концесионери, кој во следните 15 години ќе раководат со Комплексот.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски очекува со отворањето на објектот да има зголемен број на туристи во градот. До комплексот има и автобуска линија, но истата е нередовна. Очкувањата на надлежните се дека ќе се воспостави редовна автобуска линија, со доаѓањето на нов градоначалник.

Комплексот се затвори во 2019 година откако тогашниот концесионер се повлече со образложение дека „Македонско село“ било нерентабилно.

YouTube video

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба

Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба

Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар.

СДС секогаш гледа на националните интереси како на средство преку кое доаѓаат на власт.

СДС сменија име, знаме, Устав. И секогаш пред да го направат предавството се колнеа дека нема да го направат тоа.

По патот на Заев и Ковачевски, сега оди и ова СДС со Филипче, кој од сред Атина ја кодошеше Македонија.

Мотивите на Филипче се јасни. Тој не сака Македонија да оди во ЕУ, туку Филипче сака на патот кон ЕУ да ги распродава националните интереси за да краде.

ВМРО-ДПМНЕ се бори Македонија да влезе во ЕУ, по критериуми кои важеле за сите и критериуми кои се демократска вредност.

Филипче не се однесува како одговорен политичар, туку бара само начин како да дојде до позиција повторно да може да мести тендери.

Шемата која ја видовме со Зобек мининг е само почеток за Филипче, доколку тој некогаш би имал власт.

Прашање: Кој е вашиот коментар за денешниот прес на СДСМ?

Одговор: СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден и ја потсетуваме дека нема да има аболиции, нема враќање назад во времето на Драги Рашковски, на Бојан Јовановски, на 27-те милиони евра за софтвери, на тендерите без покритие, на црните пари што циркулираа во бели куќи.

СДСМ денес зборува за „одговорност“, а вчера не одговараше никој ни за модуларните болници, ни за клиниките со изгорени пари, ни за златните визи. Денес зборуваат за изборни процеси, а целиот народ гледаше што значи изборен криминал и институционално насилство во нивно време.

И тука сакаме јасно да порачаме: нека понудат еден доказ за тоа што го тврдат. Еден. Во спротивно ќе ги тужиме.

Им даваме рок од една недела, како што следува по закон, да се извинат јавно на прес-конференција. Ако не се извинат, ќе добијат тужба за клевета.

Нека се концентрираат и нека си стават прст на чело што трескаат – буквално. Да размислат што тропаат и да се освестат дека тоа што имаат таму партиска говорница, каде што се одржуваат на власт во сопствената партија со уцени и пари, не им дава за право истата бесрамност, невоспитаност и измами во стилот на улична трговија од Горњи Милановац или земање ауди за тендери, да ја применуваат и во политиката.

Ова е лага. Гнасна лага. И никој жив не верува во ова.

Затоа ќе мора да се соочат со судот, каде што ќе мора да ги докажат ваквите гадости. Ако не се извинат – веднаш ќе добијат тужба.

И апелираме – да не ни праќаат тајни абери дека „вака морало“, дека „ова било само за да се покрие денот со настан“. Не мора вака. Не мора со лаги.

Засрамете се.

А што се однесува за делчевски ниви, тој случај го водеше нивниот Гаврил Бубевски, го отвори во време на СДС, истрагата траеше 18 месеци, ги пробија сите рокови и на крај во нивно време се затвори случајот поради недостаток на докази.

Нивниот пиун и потрчко, Гаврил Бубевски, кој ги координираше сите напади против ВМРО и функционерите минативе 7 години, го затвори случајот. Тоа е истиот Бубевски кој беше на чело на прогонот против ВМРО-ДПМНЕ. И ако имало било каков основ тој одамна ќе ги затвореше сите против кои се правеше хајката.

YouTube video

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер