Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
2Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
3ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ФудбалБекам прави фудбалски Дрим-тим во САД!!Во клубот на Дејвид Бекам во САД, Интер Мајами пристигнуваат светските фудбалски ѕвезди Меси, Суарез, Фабрегас, Бускетс?Најдобрите светски фудбалери во последните две децении Лионел Меси и Кристијано Роналдо се во центарот на вниманието во последните денови. И двајцата ги предводат своите репрезентации на Светското првенство во Катар, каде се обидуваат во последниот обид да стигнат до посакуваниот пехар. Сепак, нивната клупска иднина е неизвесна. Португалецот и Аргентинецот повторно би можеле да бидат ѕвезди на преодниот рок. Роналдо е слободен играч по раскинувањето на соработката со Манчестер Јунајтед, додека договорот на Меси со Пари Сен Жермен истекува во јуни. Богатиот Ал Наср на Португалецот му нуди прекрасен договор, додека „Тајмс“ објави дека Лионел Меси е близок до Интер од Мајами, клуб чиј еден од сопствениците е англиската суперѕвезда Дејвид Бекам. Сорабитниците на аргентинскиот волшебник ги негираа овие наводи, но каде што има чад има и оган. „Тајмс“ пишува дека Бекам е клучниот човек кој стои зад овој трансфер, кој би предизвикал вистинска револуција во САД и секако придонел за развој на фудбалот во земја во која рагби топката во облик на јајце е се уште многу попопуларна. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал, Милан и Пари Сен Жермен моментално е амбасадор на Катар на Мундијалот. Договорот на Меси со парижаните истекува на 30 јуни. ПСЖ сака да го продолжи договорот со Меси, а претходно се пишуваше дека тој би можел да се врати во Барселона, од која минатото лето си замина на контроверзен начин. Наводно, Бекам прави Дрим Тим на Флорида, а британските медиуми пишуваат дека Луис Суарез, ветеранот кој е слободен играч по завршувањето на договорот со Национал од Монтевидео, би можел да замине во Мајами. Уругваецот ги имаше најдобрите партии во кариерата во Барселона кога перфектно работеше со Меси. Се споменува и Цеск Фабрегас, актуелниот играч на италијанскиот второлигаш Кома. Шпанска „Марка“ пред неколку дена напиша дека Серхио Бускетс веќе во јануари би можел да го напушти Ноу Камп и да се пресели во Мајами. Меси пред две години изјави дека може да се замисли во МЛС лигата. Најпознат играч на Интер Мајами минатата сезона беше поранешниот напаѓач на Реал, Наполи и Јувентус, Гонзало Игуаин, додека на клупата на тимот од Флорида е Англичанецот Фил Невил, поранешен соиграч на Бекам од Манчестер Јунајтед. Интер е основан на 29 јануари 2018 годинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканИзбори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50). Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. „Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток. Можен втор круг ќе се одржи следната недела Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина. „Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти. Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook