BBC: САД се во сѐ полоши односи со Украина, но сѐ подобри со Русија - Канал 5

BBC: САД се во сѐ полоши односи со Украина, но сѐ подобри со Русија

Тензиите на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се одржа вчера во Овалната соба, предизвикаа бројни реакции кај светските лидери.

BBC: САД се во сѐ полоши односи со Украина, но сѐ подобри со Русија

Сепак, рускиот претседател Владимир Путин останува без коментар, пишува дописникот на Би-Би-Си од Москва, Стивен Розенберг во анализа на ситуацијата.

Не дека има потреба да се каже нешто. Путин може да седи и мирно да гледа како се одвива ситуацијата.

Доналд Трамп предвиде дека јавен судир со Зеленски ќе биде „одлична телевизија“. Нема сомнеж дека Владимир Путин уживал во „шоуто“ - драматичната сцена во која лидерот на земјата што ја нападна добива критики од американскиот претседател и потпретседател Џеј Ди Венс пред камерите ширум светот.

Додека Кремљ засега молчи, некои руски претставници не ја пропуштија можноста да ги коментираат настаните во Вашингтон.

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев на социјалните мрежи објави дека Зеленски претрпел „понижувачка опомена“ во Овалната соба. Тој, исто така, ги повика САД да ја прекинат воената помош за Украина - што би било исполнување на желбата за Москва.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги пофали Трамп и Венс за нивната „воздржаност која се граничи со чудесното“, нагласувајќи дека тие се воздржале од физичка пресметка со украинскиот претседател.

Додека односите меѓу Киев и Вашингтон се закануваат да експлодираат, односите меѓу САД и Русија се движат во спротивна насока.

Во последните недели Трамп и Путин разговараа телефонски и ветија поблиска соработка, а се зборуваше и за можен самит во блиска иднина. Разговорите на ниско ниво меѓу САД и Русија веќе започнаа за ресетирање на односите и потенцијалната економска соработка.

Путин дури понуди профитабилни заеднички проекти со Американците кои вклучуваат експлоатација на ретки метали и производство на алуминиум. Последиците од влошените односи меѓу Украина и САД може да бидат многу сериозни за Киев, но исклучително поволни за Москва.

Доколку испораките на американско оружје за Украина бидат прекинати, на Украинците ќе им биде многу потешко да се одбранат од руските сили, и покрај солидарноста и силната поддршка на европските лидери. Москва веќе некое време верува дека војната во Украина оди во нејзина корист. Конфликтот во Овалната соба само ја засили таа позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра

Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи.

Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра

Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на меѓународна научна конференција на ЈНУ Институт за интелектуална сопственост - „Интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во македонското општество“, која се организира во рамки на проектот „Фактори на управувањето со интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во Македонија“, финансиран од Министерството за образование и наука.

„Во фокусот на овој проект е влијанието на дигиталната трансформација врз правната рамка за заштита на интелектуалната сопственост. Ова е важно да биде предмет на истражување, затоа што брзиот технолошки развој и забрзаната дигитализација отвораат нови можности, но истовремено поставуваат и сериозни предизвици пред постојните правни и регулаторни рамки. Заштитата на авторските права, трговските марки, патентите, трговските тајни и личните податоци добива нова димензија и неопходно е овие процеси да се анализираат системски, научно и во согласност со современите европски и светски тенденции“, рече Јаневска.

Министерката нагласи дека истражувањето веќе ја зацврсти релацијата помеѓу науката и носителите на одлуки, со правната професија и со институциите што имаат важна улога во заштитата на интелектуалната сопственост.

„Од позиција на министер за образование и наука, горда сум не само на овој, туку и на сите други проекти кои ги поддржавме како Влада во изминатата година. Важни се, затоа што ја потврдуваат улогата на науката како двигател на развојот и како значаен партнер во креирањето јавни политики засновани на научни сознанија и докази“, додаде Јаневска.

Потенцираше дека целта на Владата е научноистражувачката работа да создава резултати што ќе имаат реална вредност за институциите, за економијата и за граѓаните. И затоа буџетот за наука е двојно зголемен. Дополнително, овозможен е бесплатен пристап до најпознатите глобални научни бази „Web of science“ и „Scopus“ за сите македонски научници и академски професори. МОН ги покрива трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, како и трошоците за објава на зборници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим.

Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија

Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка.

Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција.

Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка.

Кошаркарската федерација на Македонија му изразува искрена благодарност за вложениот труд, професионалниот однос и придонесот во работењето со националниот тим. Федерацијата ја почитува неговата одлука и му посакува многу здравје, лична среќа и понатамошни професионални успеси.

ВИКТОР ПЕТРОВСКИ – МЛАДОСТ, АМБИЦИЈА И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ

Новиот селектор Виктор Петровски, роден во 2001 година, и покрај својата младост, зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера, исполнета со значајни резултати во младинските и сениорските натпреварувања.

Неговата тренерска биографија претставува потврда дека возраста не мора да биде пречка за постигнување врвни резултати, доколку е проследена со знаење, посветеност, амбиција и професионален пристап.

Уште во 2019 година, како тренер на селекцијата до 14 години, Петровски освојува бронзен медал на завршниот турнир, додека во 2021 година со селекцијата до 18 години стигнува до златниот медал.

Во 2022 година првпат ја презема функцијата главен тренер на сениорски тим, а уште во својата дебитантска сезона е прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од првенството, остварувајќи серија од девет последователни победи.

Во наредните сезони продолжува со континуирани успеси. Во 2023 и 2024 година обезбедува пласман во полуфиналето на националното првенство, а во 2025 година го предводи својот тим до финалето.

Круна на неговата досегашна работа е 2026 година, кога ја освојува титулата национален шампион на Македонија, како и трофејот во Суперкупот. Во сезоната 2025/2026 го добива и признанието „Тренер на неделата“ во регионалната WABA лига.

Петровски е носител и на посебни признанија како најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула, како и најмлад тренер освојувач на Суперкупот.

Но, за Кошаркарската федерација, покрај неговите трофеи, особено значајна е неговата досегашна успешна работа со младите кошаркарки. Петровски веќе има воспоставено соработка со генерацијата до 18 години, од која дел од кошаркарките во наредниот период ќе бидат вклучени и во сениорската репрезентација.

Токму тој континуитет, познавањето на нивните квалитети, можности и потенцијал, претставува една од клучните причини за довербата што Федерацијата му ја укажува.

Веруваме дека со изборот на Виктор Петровски не добиваме само нов селектор, туку и тренер кој има можност да расте и да се развива заедно со новата генерација македонски репрезентативки.

БЛАГОДАРНОСТ ДО КОШАРКАРКИТЕ КОИ ГО ЗАВРШУВААТ СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН АНГАЖМАН

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман.

Станува збор за:

Анџелика Митрашиновиќ

Александра Стојановска

Мерит Хемпе

Ивана Кметовска

Илина Селцова

Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим.

Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание.

Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка.

Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес.

ГЕНЕРАЦИСКА СМЕНА – ХРАБРА, НО НЕОПХОДНА ОДЛУКА

Со повлекувањето на дел од поискусните репрезентативки, како и со привремената недостапност на одредени кошаркарки кои настапуваат и се школуваат во Соединетите Американски Држави, македонската женска репрезентација влегува во период на значително подмладување.

Во претстојниот ноемвриски квалификациски прозорец, националниот тим ќе настапи со состав во кој важна улога ќе добијат млади кошаркарки, од кои дел сè уште немаат доволно меѓународно сениорско искуство.

Свесни сме дека ваквата промена носи сериозни предизвици. Свесни сме дека младоста сама по себе не гарантира резултати, дека искуството не се стекнува преку ноќ и дека на новата генерација ќе ѝ бидат потребни време, трпение и многу работа.

Но, истовремено сме убедени во една едноставна вистина:

ЗА ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ, МОРА ОДНЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ!

А секој почеток, особено во спортот, е тежок. Ниту една успешна репрезентативна генерација не е создадена преку ноќ. Зад секој голем спортски резултат стојат години систематска работа, вложување, доверба, дисциплина, но и подготвеност да се помине низ периоди на неизвесност и резултатски неуспеси.

Затоа, одлуката за подмладување не треба да се толкува како откажување од спортските амбиции. Напротив, таа претставува определба за создавање нова, долгорочно конкурентна репрезентација.

Не бараме од младите кошаркарки веднаш да ги достигнат резултатите на своите претходнички. Бараме од нив со работа, дисциплина и љубов кон националниот дрес да создадат услови еден ден да ги надминат.

За тоа ќе биде потребна поддршка не само од Федерацијата и стручниот штаб, туку и од клубовите, спортската јавност и сите оние кои искрено ја сакаат македонската женска кошарка.

НОЕМВРИСКИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ПРОЗОРЕЦ – ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија.

Овие натпревари ќе претставуваат сериозен тест, но истовремено и исклучително значајна можност за младите кошаркарки да го почувствуваат вистинскиот предизвик на сениорската меѓународна кошарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата

Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар.

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на централното одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, во организација на Клиниката за неврологија, посветено на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите.

– При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, бидејќи времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна радиолошка дијагностика и можност за брзо почнување со терапија. Оваа акција за подигнување на свесноста и превенцијата е само еден чекор. Заедно со Клиниката за неврологија работиме и на унапредување на патеките на движење на пациентите со мозочен удар, со цел да спасиме што повеќе животи и да ја намалиме попреченоста. Истовремено, сакам да го изразам моето задоволство од успешната работа на Клиниката за неврологија, која успева да отвори теми многу значајни за нашето здравство, посочи министерот Клековски.

Тој појасни дека Клиниката за неврологија е една од најкомплексните клиники и потсети на процесот на децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, која почна во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница Штип и болницата во Охрид, а веќе се прават чекори за вклучување на болниците во Тетово, Прилеп и Струмица. Во наредните денови ќе има информации и за напредокот кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, во соработка со Универзитетскиот клинички центар Љубљана.

Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, истакна дека акциите се реализираа во повеќе градови во државата и постигната е целта на настанот.

– Во рамки на акцијата за бесплатни превентивни прегледи на плоштадот во Скопје беа прегледани 147 граѓани и направени 160 доплер-прегледи, при што еден пациент е хоспитализиран поради значаен наод. Кај околу 50 отсто од прегледаните имаше некаков наод, а околу 30 отсто ќе ги повикаме на дополнителни испитувања на Клиниката за неврологија. Секоја минута е важна, времето е мозок – навременото препознавање на симптомите прави разлика меѓу животот и смртта, меѓу попреченоста и физичката и психичката благосостојба. Подеднакво е важна соодветната превенција, затоа што во 90 отсто од случаите мозочниот удар може да се спречи, истакна д-р Божиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер