BBC: Јунајтед мора да се ослободи од Роналдо за да си ги решат проблемите - Канал 5

BBC: Јунајтед мора да се ослободи од Роналдо за да си ги решат проблемите

Манчестер Јунајтед би можел да го пушти Кристијано Роналдо да го напушти Олд Трафорд ова лето поради загриженоста дека неговото расположение влијае на моралот на целиот тим, пишува Би-Би-Си.

BBC: Јунајтед мора да се ослободи од Роналдо за да си ги решат проблемите

Ерик тен Хаг тврди дека Португалецот не е на продажба и дека го има во своите планови, но одлуката на крајот можеби нема да биде негова.

Јунајтед имаше многу успешна подготовка за турнеи во Тајланд и Австралија, но по двата порази на почетокот на сезоната во Премиер лигата, доброто расположение во клубот брзо исчезна, а некои извори на Би-Би-Си отидоа дотаму што тврдат дека Јунајтед би било подобро да го продаде Роналдо и да донесе замена, отколку да го задржи.

Роналдо, според нив, негативно влијае на атмосферата, едвај комуницира со соиграчите за време на оброците и не крие дека сака да си замине. Тие веруваат дека нема да има промена во проблемите на Јунајтед додека не замине Роналдо, па дури и дека ако замине без замена, подобрата атмосфера би предизвикала подобри настапи на теренот“, пишува Би-Би-Си.

Од друга страна, ТВ аналитичарот и поранешен дефанзивец на Јунајтед, Гери Невил го очекува сосема спротивното: „Клубот е пред огромна одлука за Роналдо. Очигледно не е среќен, но проблемот е што ако го загубат, нема кој да дава голови. Ако си замине, а клубот не донесе замена, искрено мислам дека тие би можеле да завршат на дното на табелата“, изјави Невил.

Преодниот рок завршува на 1 септември, а нема јасни назнаки каде и за какво обештетување би можел да ја продолжи кариерата 37-годишниот Португалец. Челзи изгуби интерес минатиот месец, а тој беше поврзуван и со Баерн и Атлетико Мадрид, чии навивачи веднаш побараа од клубот да не ја доведува поранешната ѕвезда на градскиот ривал Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото.

Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти.

Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност. Tокму поради тоа економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата.

Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави.

Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми.

„Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп.

Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“.

Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното.

Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

Покрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра.

Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра.

Сè ова заради лично богатење и останување на власт.

Мицкоски дал налог за нови задолжувања.

Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери.

Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите.

Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори.

Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ.

Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами.

Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови.

Статистиката повеќе не му поминува.

Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници.

Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро.

Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“.

Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“.

Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа.

Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт.

По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ.

Мицкоски е прочитан.

Народот не е наивен.

Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро.

Доаѓа пролет.

А тогаш сè се менува.

Граѓаните тоа веќе го знаат.

Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација.

Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер