ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
ЖивотБатлер откри какви бижикни подароци добивал персоналот од кралското семејство: Беше бизарноГрант Херолд, поранешен батлер на кралското британско семејство, ги откри подароците што ги добил додека работел за нив.Работел за Чарлс и Камила седум години и вели дека секој Божиќ добивал честитка. "На Божиќ секогаш добивавме честитка од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивавме божиќни честитки од него, Хари и Вилијам. Тие секогаш беа посебни", изјави тој за британски Mirror. Покрај честитките, често добивал и хумористични подароци од Чарлс. „Исто така, ни испраќаше мали забавни работи по пошта. Една година ми испрати лименка лосос, а друга година комплет сол и бибер завиткани во лента. Веројатно добива многу подароци, а понекогаш и нам ни даваше некои од нив“, рече тој. „Отсекогаш ми беше бизарно затоа што не очекувате такви ситници. Тоа ја покажува неговата забавна и практична страна. Што се однесува до вистинските подароци, тоа секогаш би биле шолји или чаши за виски. Една година добив прекрасен бокал за вода“. додаде тој. Тој откри дека и тој оставал подароци и картички за својот шеф. "Секогаш би му напишал картичка и ќе му донесов подарок. Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога човек има сè. Но знаев дека сака мед, па ќе му дадев тегла мед или медени бонбони, нешто во што знаев дека ќе ужива“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНормализиран сообраќајот на Граничниот премин ТабановцеМинистерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на властНа лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно. Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар. Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари. Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно. Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ. Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе. Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМузичка програма за сите генерации на карпошовото културно летоВтората вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето, на плоштадот „Делфина“, понуди разновидна музичка програма за сите генерации. Вечерта започна со настапот на најмладите членови на детскиот фестивал „Поточиња“, кои со своите песни внесоа посебна атмосфера и ги забавуваа најмладите посетители. Пред присутната публика настапи и „Пензионерски хор Карпош“, кој со изведба на македонски фолклорни песни придонесе кон негување и промоција на традиционалното музичко творештво. Музичката програма продолжи со настапот на „Тумбао Салса Бенд“, предводен од Петар Реџов, заедно со познатиот македонски музичар Сашо Гигов – Гиш. Тие пред бројната публика изведоа авторски песни и македонски музички евергрини, создавајќи енергична и позитивна атмосфера. На втората вечер од манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и членови на Советот на Општина Карпош, кои заедно со граѓаните уживаа во музичката програма. Во рамки на 17. издание на Карпошовото културно лето, годинава за првпат се реализира програмата „Кино на отворено“, наменета за сите љубители на филмската уметност. Програмата започна со проекција на филмот „Приказна за Силјан“, која се одржа во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“. До 27 август, секоја вечер од 20:00 часот, граѓаните ќе имаат можност секоја вечер да проследат филмски проекции на македонски филмови под отворено небо. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма исполнета со музика, уметност, култура и содржини за сите генерации. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter