Барселона ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс ова лето

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го сподели своето мислење за можниот трансфер на крилниот напаѓач на Атлетик, Нико Вилијамс во каталонскиот тим.

Еден од навивачите објави видео со функционерот во кое го прашува дали Барселона ќе го купи 21-годишниот шпански играч.

- Ќе се обидеме, одговори Лапорта.

Претходно беше објавено дека ова лето Каталонците сакаат да ги купат и играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино и играчот од средниот ред на Лајпциг, Даниел Олмо.

Во сезоната 2023/24, Вилијамс одигра 37 натпревари за Атлетик во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и 19 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до летото 2027 година.

Египет итно ги свика арапските лидери за да расправаат за предлогот на Трамп за Газа

Египет денеска објави дека ќе одржи итен состанок на арапските земји подоцна овој месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за планот САД да го преземат Појасот Газа и да раселат стотици илјади Палестинци од енклавата.

Состанокот ќе се одржи на 27 февруари во Каиро за да се разговара за „најновите сериозни случувања“ околу палестинското прашање, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.

Трамп претходно оваа недела, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека САД ќе го преземат Појасот Газа и ќе изградат „блискоисточна ривиера“, а нејзините жители ќе бидат преместени во други земји.

Неговите изјави беа дочекани со жестоки критики од меѓународната заедница, вклучително и од арапскиот сојузник Египет, кој граничи со палестинската енклава.

Египет минатиот месец, заедно со САД и Катар, посредуваше за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и движењето Хамас, по повеќемесечни преговори.

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати денеска оди во Вашингтон каде ќе се сретне со претставници на администрацијата на Трамп и членови на Конгресот.

Неговото министерство објави дека целта на средбата е „зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Египет и САД“ и разговори за „регионалната ситуација“.

Заврши гласањето на парламентарните избори во Косово – Курти нема да може сам да формира Влада?

Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.

Според проекциите на Коха, Движењето Самопределување на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите, односно 47 места во 120-члениот парламент.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите, а доколку се потврдат проекциите, на Курти овој пат ќе му треба коалициски партнер за да остане на власт.

Инаку, Демократската партија на Косово ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите и 23 пратенички места, исто колку и Демократската лига на Косово која забележа најголем пораст од изборите во 2021 година, а Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, останува четврта политичка сила со седум пратеници.

Инаку, 20 места од вкупно 120 се резервирани за помалите етнички заедници – 10 за Србите и 10 за останатите...

Јаќимоски: Доследно спроведување на реформи во јавната администрација ќе вроди со плод

На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски говореше за новоформираното министерство кое излезе преку поделба на Министерството за информатичко општество и администрација.

На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски говореше за новоформираното министерство кое излезе преку поделба на Министерството за информатичко општество и администрација, кое сега е Министерство за јавна администрација. Тој ја истакна заложбата на министерството, со оглед на тоа дека изминативе години, не се работело онака како што треба.

„Ние свесни бевме и знаевме, отприлика каква ситуација ќе наследиме во сите институции, меѓутоа верувајте кога ќе влезете внатре, кога ќе ја видите реално фактичката состојба каква е и тоа ние што го видовме, верувајте дека не можете да го замислите, што се се случувало по сите тие институции. Значи, целосно руинирани институции, целосно нефункционални институции, буквално можам така народски да се изразам, работеле колку да работат, а не гледале многу да направат некои реформи за поефикасна да биде администрацијата’’, потенцираше Јаќимоски.

Јаќимоски говореше и за стратегијата 2023-2030, каде што напомена дека се работи за стратегија која доколку се испорача како што треба, реформите ќе се спроведат во администрацијата.

„Успешноста на новата стратегија, како што реков и претходно, ќе зависи од ефективната имплементација на предвидените мерки и активности. Доколку се спроведе доследно, гарантирам дека има потенцијал значително да придонесе за реформата во јавната администрација“, заклучи Јаќимоски.

притисни ентер