ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
2ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
Шоу бизБарбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ во КанНаградуваната глумица, режисерка и кантавторка Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ за животно дело на 79. Кански филмски фестивал во мај, објавија организаторите.Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и „Јентл“ (Yentl, 1983), коишто таа, исто така, ги режираше и продуцираше. Таа има освоено два „Оскари“, за најдобра женска улога во „Забавна девојка“ и за најдобра песна во „Ѕвездата е родена“ (A Star is Born, 1976), како и 10 музички „Греми“ награди, меѓу другите признанија. „Барбара Стрејсенд го достигна врвот на индустријата за забава како никој друг. Но, тоа не е ништо во споредба со нејзиното влијание врз поп-културата во втората половина на 20. век“, се вели во соопштението на организаторот. Наградуваниот корејски режисер Парк Чан-вук ќе претседава со жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, којшто ќе се одржи на 23 мај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортотОпштина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух. Општина Аеродром континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво. Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт - Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот. Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница. Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ? РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти. За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО? Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев? Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка? Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО? Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаРасел со најбрзото време на првиот тренинг во АзербејџанВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела. Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook