Барале и примиле поткуп од 20.000 евра–уапсени директор на здравствена установа и посредник - Канал 5

Барале и примиле поткуп од 20.000 евра–уапсени директор на здравствена установа и посредник

Директор на здравствена установа е уапсен под сомнение дека примил поткуп. 

Барале и примиле поткуп од 20.000 евра–уапсени директор на здравствена установа и посредник

Според информациите на Канал 5 станува збор за директорот на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ Скопје, Мухсин Арифи. Освен него уапсено е уште едно лице кое имало улога на посредник. Неофицијално, двајцата барале и примиле поткуп во износ од 20.000 евра за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа. Акцијата е спроведена координирано помеѓу Обвинителството и полицијата.

-Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот,- изјави – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Засега нема информација дали ќе се бара притвор или други мерки за осомничените, нема ниту детали дали биле фатени со обележани банкноти. Од Министерството за здравство велат дека се залагаат за што побрзо расчистување на случајот. Оттаму велат дека стојат на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност.

Арифи претходно беше и в.д директор на Психијатриската болница Скопје поставен како кадар на Алијанса за Албанците. Арбен Таравари во писмено соопштение ги повикаа надлежните органи да спроведат брза и ефикасна истрага.

-Албанскиот народ не заслужува да го претставуваат лица кои евентуално се обидуваат нелегално да се збогатат на здравствените маки на граѓаните. Ова е недозволиво и надвор од принципите кои ги застапуваме. Партиските органи на АА ќе ги преземат сите неопходни статутарни чекори за зачувување на угледот на партијата,- - Алијанса за Албанците.

Последен случај на примање поткуп во здравството имаше пред два месеци во Битола кога беше уапсен хирург во просториите на Клиничката болница. Тој по операција на жолчка на пациентка побарал од нејзиниот син 150 евра за како што соопшти тогаш обвинителството, да се почастел за извршената работа.

YouTube video

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер