Барал еленски рогови во шума и го нашол распаднатото тело на исчезнат ММА борач - Канал 5

Барал еленски рогови во шума и го нашол распаднатото тело на исчезнат ММА борач

Полицијата во Бренсон, во американската држава Мисури, соопшти дека идентификувала човечки останки пронајдени во шума минатата недела од човек кој барал рогови од елени.

Барал еленски рогови во шума и го нашол распаднатото тело на исчезнат ММА борач

Објавиле дека станува збор за останките на Дејвид Кениг (25), аматер на мешани боречки вештини (ММА), кој исчезнал пред речиси две години. Инспекторите подоцна ја пребарале околината и пронашле уште некои негови лични работи.

Кениг последен пат бил виден на 8 февруари 2020 година.

"Срцата ни се скршени. Иако Дејв исчезна пред 22 месеци, не ни е полесно. Она што сега го чувствуваме е само неопислива болка", изјавила неговата мајка Трејси Кениг за CNN.

Таа додала дека на почетокот се плашела дека нејзиниот син е убиен, но дека сега и е сепак тешко бидејќи знаела дека тој умрел сам.

Полицијата на телото не пронашла траги на насилство и смета дека не се работи за кривично дело. Судскиот лекар рекол дека причината за неговата смрт се уште не е утврдена.

Семејството и блиските пријатели рекле дека Кениг бил голем човек со уште поголемо срце.

"Секогаш беше задоволство да се тренира со него. Се грижеше за тимот и секогаш беше тука за да ги слуша и да ги поддржува своите соиграчи. Тој беше нежен џин", ​​рече Џеј Ти Тили, тренер на Брансо Фајт Клуб.

Дејвид Кениг работел да стане професионален борец.

„Тој беше на вистинскиот пат да направи големи работи“, изјавил неговиот татко Рик Кениг, додавајќи дека неговиот син „беше феноменален човек“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер