СветБагај го демантира Трамп: Иран не испрати барање за обновување на нуклеарните преговори со САД Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, денеска изјави дека Техеран не побарал состанок со САД, негирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нуклеарните разговори се обновени.-Од наша страна не е испратено барање за состанок до американската страна, рече Багај на прес-конференцијата, објави агенцијата Мехр. Трамп претходниот ден изјави дека преговорите со Иран се „повторно на маса“ и дека наскоро би можел да се одржи состанок во Осло, Норвешка. -Тие сакаат да разговараат, рече Трамп. Во меѓувреме, Иран соопшти дека во јуни биле спроведени „агресивни воени операции против земјата“, вклучувајќи израелски напади на 13 јуни и американски воздушни напади на 22 јуни врз три нуклеарни објекти во Натанц, Фордо и Исфахан. Како одговор, воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда на Иран започнаа контранапади како дел од операцијата „Вистинско ветување III“, лансирајќи 22 бранови ракети врз цели во Израел. Ракети беа истрелани и врз американската воена база Ал-Удеид, во Катар. Прекин на огнот стапи на сила на 24 јуни.Тагови: Доналд Трамп Багај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот. За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБелорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворенаБелорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“. Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор. Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи. Извор: Б92Тагови: белорусија Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПродолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел АвивАнкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху. Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа. Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.Тагови: Анкара Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05