Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
1Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
МакедонијаБачев: Поради руското знаме, владата сака присилно да ја исели „Единствена Македонија“Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“ обвини дека на сила и против законски се иселуваат од партиското седиште во центарот на Скопје.Тој обвини дека владата врши притисок пред референдумот и кампањата што ќе ја започне неговата партија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
ФудбалФудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договоротФФМ и Седлоски спогодбено ја завршуваат соработката. - Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски,објави на својот сајт Фудбалската федерација на Македонија. Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал. Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал. Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал. ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен. Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистернаНајмалку 31 лице загинаа, а 21 се повредени во голем пожар во египетската област Гиза, откако цистерна со нафтени производи излетала од патот и експлодирала. Несреќата се случила во населба во Каиро. По експлозијата избувнал голем пожар, кој зафатил и околни возила.На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници според обвинителството, во пожарот биле уништени 27 возила, меѓу кои автомобили и мотоцикли. Huge blaze ENGULFS Greater Cairo Ring Road — at least 30 KILLED, 15 wounded after tanker truck overturns https://t.co/wBukltRGyo — RTVisual (@RT_Visual_on_X) November 25, 2026 Надлежните отворија истрага за утврдување на причините за несреќата, а се вршат и идентификации на загинатите.египетската црвена полумесечина испрати тимови за итна помош на местото на настанот. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПратенички прашања на дневен ред во СобраниетоНа пленарна седница во собранието денеска ќе се поставуваат пратенички прашања до премиерот, министрите и другите членови на владата, а претходно спикерот гаши ќе оддржи неформална средба со медиумите.Во законодавно-правната комисија ќе се разгледува предлог законот за изменување и дополнување на законот за семејството. Според предлагачите – група пратници од ЗНАМ, согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна и не се предвидува постапка според која полнолетен посвоеник би можел да оствари пристап до податоците за неговото посвојување. Со новото законско решение, доколку биде изгласано, би се воспоставил механизам за пристап до податоците под одредени услови и со формирање на стручна комисија која би одлучувала за пристапот. Воедно, со предложените измени се предвидува можност за пристап до податоци на посвоителите на малолетен посвоеник кога за тоа постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на посвоеното дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37