ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЖивотБаба Трајана на 93 години плете чорапи без наочари и произведува домашно козјо сирењеИако ја тера 93-та година од животот, баба Трајана многу вешто и без наочари плете волнени чорапи, а ја продолжува и традицијата на производство на домашно сирење. - Фала и на судбината, се уште ми се гледа. Годините се многу. Се туркам, паѓам, станувам и па одам, заврза таа муабет со нас, а насмевката не се тргна од нејзиното лице, за целото време додека разговаравме. Таа ни откри дека очила носи само по потреба, ама за плетење не и требаат. И самите можевме да се увериме дека плете квалитетно, не испушта ниту еден котелец. Потекнува од кавадаречко Страгово, познато сточарско село прочуено по производството на квалитетно сирење. Занаетот за подготовка на сирење со извонреден квалитет, го научила од нејзината мајка. Уште кога била дете. Со години тој занает и тајната за правење на сирење за прсти да излижеш, се пренесуваат, како аманет во семејството. Педесет и трета година, како живеат во Неготино. За неа, велат дека со децении, ги радувала муштериите со млеко и вкусно сирење, вкус што се памети и за кој се прераскажува. Скромната жена ни кажа дека нејзините родители, браќа и сестри, не биле многу долговечни како неа. - И од тија и од тија сој, по мајка и по татко, само ја су вака со повеќе години, коментираше таа. Самата смета дека долговечноста и се должи на здравата исхрана. Целиот нејзин живот одгледувале најпрвин овци, па крави, сега се уште кози. Домашно месо, млеко. Си правеле јајчаник, зелник, баник, масленица. Или, како што рече таа, ништо купечко, ништо вештачко. Сега одгледуваат седум кози и единасесетина јариња, колку да ги задоволат потребите на поширокото семејство. - Пијме млеко козјо и децта пијат. Угу иама домашно млеко. Порано, продаваме сирење и на пазарот. Ако ме нема на пазарот, дома идеа по сирење, откри оваа супер бабичка. Девет години е без сопругот. Ја зема неговата пензија, бидејќи таа целиот живот била домаќинка и сточарка. Има три деца, пет внуци и 10 правнуци. Задоволна е што се уште може да гледа и да слуша, што ја држи умот и помнењето. Витална е, за разлика од многу други на нејзина возраст. Самата се пере, си ја чисти собата. Огнот сама си го „вал“, а го „вале" дури и огнот на помладите во семејството, внуката и внукот со децата. Никогаш не пушела цигари. Не пие ниту ракија, ниту вино, иако живее во најголемиот и најпознат лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. Вистинска домашна атмосфера владее во домот на Петрови. Шпоретот на дрва не само што топли, таа топлина дава некоја посебна магија што потсетува на детството. Циглата на плочата од шпоретот што се топли, како да зборува за едно минато време кога постарите ја вжештуваа, за да си ја натоплат половината во студените зимски денови. А тенџерето, тенџерето секогаш мистериозно како да се насмевнува, бидејќи само тоа најдобро знае дека најдобриот зачин во кујната е токму љубовта. Најслатко е јадењето зготвено со многу љубов и посветеност. Убаво си помуабетивме со една од најстарите неготинки, па и тиквешанки. Ја фотографиравме како плете. Последните волнени чорапи ги сплетила деновиве, за брзо време, да ги топлат нозете на внукот, додека бере дрва во планината. Долго ни раскажуваше за времињата поминати, за сплетените елечиња, џемпери, за миговите кога правела домашен сапун, ткаела на разбој килими, јамболии, кога деновите и поминувале во друштво со кросното, преѓата, вретеното. - Мачно се живееше, синко. Жнеј, копај, врши, се рачно и мачно, евоцираше спомени старицата. Животните предизвици и битки за подобро утре, оставиле бразди на нејзиното лице и раце. Се присети како во нејзино време, најголем дел од девојчињата не ги пуштале да се школуваат после четврто одделение, оти требало да се учи во друго село. Тие морале да работат, за да им помагаат на родителите да го прехранат семејството. Многу пати се случувало женските деца интензивно да работат, додека машките продолжуваат да се школуваат. И на овие години таа и е од голема помош на нејзината внука. Го надгледува ручекот, се грижи за малолетните правнуки, кога не се на училиште и градинка, а кога родителите им се отсутни. Но, истовремено, таа е бескрајно благодарна на наследничката што и го носи името, бидејќи во староста, може да се потпре на неа. Заедно го пијат и кафето. Со многу милост во гласот но и гордост, нагласи дека спечалиле многу во животот, но, семејството е нејзиното најголемо богатство. Посебно се гордее со правнуките коишто се вртат околу неа, ја гледаат како плете, крадат што се вели од мајсторлукот. Марија, Симона, Стојне, Божица. Со радост и нестрпливост ги чекаат нејзините приказни крај шпоретот. Таа раскажува, а звукот од дрвата што горат, како да е некоја пропратна музика на секој нејзин збор. Како да има некоја посебна поврзаност помеѓу највозрасниот и најмладиот член во семејството. Можеби тајната за тоа лежи во фактот што и бабата и правнуката Марија која догодина ќе биде прваче, се родени тука некаде, во месеците септември и август. Немам, одговори на прашањето баба Трајана, дали можеби има договор со судбината, колку долго да живее. Колку е пишано, толку, рече. И не е важно колку ќе живее. Важно е дека е опкружена со внимание, а таа шири позитивна енергија наоколу. Нејзините наследници, ќе има по што да ја споменуваат и да се сеќаваат на неа. На жената што и во десетата деценија од животот и пркоси на староста. Другарувајќи со иглите и конецот, плете и убави моменти, по кои ќе се сеќаваат на неа. Секој би посакал таква баба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook