МакедонијаПочнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година Најголемиот државен универзитет ги започна уписите за новата академска година. Кандидатите за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.Од вкупниот број места, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти. Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места. За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, годинава бројот на слободни места на сите универзитети е намален за околу 2.000, по направената анализа на потребите на пазарот на трудот. Таа посочи дека квотите се намалени кај одредени струки каде има поголем број невработени, додека кај информатиката, машинството, градежништвото и другите технички струки местата се задржани речиси на исто ниво, поради високата вработливост. објави Скопје1.мкТагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДиректор во ФИФА поради критики кон Инфантино добил отказФИФА го отпушти еден од своите високи функционери, главниот оперативен директор Кевин Ламур, откако тој јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на удел во Светското првенство.Ламур претходно изјави дека вработените во организацијата биле „доведувани во заблуда“ и дека „заслужуваат подобро од презир и заплашување“ поради недостатокот на транспарентност кај Инфантино, пренесува „Скај њуз“. ФИФА одби да ги коментира условите под кои замина Ламур. Во кратко официјално соопштение, портпаролот изјави: „ФИФА потврдува дека работниот однос меѓу ФИФА и Кевин Ламур, главниот оперативен директор на организацијата, заврши на 17 август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговиот двегодишен ангажман и му посакува сè најдобро во иднина“. Вработените во ФИФА беа известени за неговото заминување синоќа. Отпуштањето се случи истиот ден кога Инфантино ја загуби и поддршката од Шкотската фудбалска асоцијација. Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, испрати писмо до потпретседателите и членовите на Советот во кое ја објасни ситуацијата. „По неодамнешните разговори, ФИФА и нашиот главен оперативен директор Кевин Ламур се договорија да ги прекинат меѓусебните работни односи. Оваа одлука е донесена по внимателно разгледување и со голема почит кон Кевин, како на личен, така и на професионален план“, се наведува во писмото. Графстром исто така го истакна придонесот на Ламур. „Кевин ѝ се приклучи на ФИФА во ноември 2024 година и раководеше со период на значајни промени, при што ги подобри односите со засегнатите страни и реализираше неколку важни заеднички проекти, покрај бројни други клучни достигнувања. Го гледавте Кевин на секоја седница на Советот на ФИФА од неговото назначување во 2024 година, а многумина од вас редовно соработуваа со него на разни проекти.“ „Сметав дека е важно лично да ве информирам за ова. Би сакал да му се заблагодарам на Кевин за неговиот придонес, неговата работа и секојдневната посветеност кон ФИФА. Му посакувам сè најдобро во иднина“, заклучи Графстром. Инфантино инаку се соочи со силен отпор во фудбалскиот свет поради планот за продажба на удели од Светското првенство на фондови за приватен капитал. Тој на крајот го повлече предлогот вреден 20 милијарди долари по жестокото противење, при што УЕФА дури и се закани со бојкот на сите натпреварувања на ФИФА.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЗавршен концерт од Интернационалниот семинар на виолинистот Перцан и пијанистката ГулијеваМакедонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика.Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По завршувањето на нивниот концерт во црквата „Света Софија“, им беа доделени и дипломите за учество на оваа летна школа. -Огромна инспирација е да се работи со младите. Меѓу нив има и студенти кои веќе се на мастер студии, но доаѓаат на семинарот заради подобрување на знаењата. Воодушевувачки е колку тие можат да научат за десет дена колку што трае семинарот. Кај нас, најголем предизвик е приспособувањето. За само десет дена треба да се приспособиме едни на други, и да научиме нешто едни од други, вели виртуозот на виолина, Емилио Перцан. Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан, постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на РС Македонија и на градот Охрид, продолжува да се одржува во Охрид. Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие, но и од други земји. Исто така, редовно учествуваат и педагози и изведувачи, како и професионални музичари кои доаѓаат на усовршување. Македонскиот виолинист Емилио Перцан има активна педагошка и изведувачка кариера и соработува со уметници како: Викторија Мулова, Даниел Хоуп, Кент Нагано, Чен Реис, Рафаела Миланези, Михаел Рол, Јулија Лежнева, Гзавие де Метр и др. Преку различни ангажмани, Перцан настапува во најпознатите сали и на најпознатите фестивали низ светот како: салата на Берлинската филхармонија, салата на фестивалот во Баден-Баден, Оперската сала во Токио, Концертната сала во Сао Паоло итн.Снима за дискографските куќи: „Дојче грамофон“, „Сони“, „Дека“, „Хармонија Мунди“, „Пан класикс“ и „Оникс класикс“.Од март 2015 година предава виолина на Универзитетот за уметност во Грац-Австрија, а од октомври 2020 година и на Универзитетот „Калаидос“ во Цирих.Држи семинари по виолина, виола, камерна музика и предавања по историска изведба, методика во Германија (Schloss Akademie Hamburg), Русија (Конзерваториум „Чајковски“, Гнесинска академија, Иполитовски институт), Австрија (Gifted in music), Италија, Киргистан, Украина итн.Неговите студенти се добитници на повеќе од 150 меѓународни награди. Пијанистката Тамила Гулијева дипломира и магистрира со почести на Музичката академија во Баку (Азербејџан), а продолжува да се усовршува на Универзитетот „Фолкванг“ во Есен, каде од 2007 година е ангажирана и како предавач.Гулијева е добитничка на повеќе награди, меѓу кои прва награда на Фестивалот за млади пијанисти и награда за Најдобар пијано-соработник во 1999 година. Како солист настапува рецитално и со симфониски и камерни оркестри, а е официјален пијано-соработник на мајсторските курсеви на Мстислав Ростропович, Табеа Цимерман, Квартетот „Форе“ и др.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈПКХС: Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 130 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 28 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 17, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook