Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години
Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет
1Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години
2Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет
3Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи
ФудбалАзиското фудбалско првенство урива рекорди на социјалните мрежиАзиското фудбалско првенство во Катар провлече повеќе од 1.5 милијарди обожаватели преку разните дигитални канали во првите десет денови, што е рекорд во историјата на турнирот, објави денеска катарската новинска агенција КНА.Претходното првенство кое пред четири години се одржа во Обединетите Арапски Емирати донесе 836 милиони интеракции преку дигиталните канали, што е речиси двојно помалку од турнирот во Катар. За рекордната бројка придонесе и тоа што ова Азиско превенство прв пат е достапно на 13 различни јазици на единаесет платформи како Facebook, Instagram, X, Tiktok, Snapchat, Telegram, Threads, YouTube, Weibo, Douyin и Toutiao. Отворањето на Азиското првенство и натпреварот меѓу Катар и Либан го гледаа од трибините на стадионот рекордни 82.490 навивачи, а 18. Издание на турнирот го следат дури 60 телевизиски куќи кои ги емитуваат натпреварите во повеќе од 60 територии и нации ширум светот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
МакедонијаНови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 годиниЈавното обвинителство ја прошири истрагата против седум нови лица за шверцот на пет тони марихуана во Србија, во јануари годинава.Со нив, за случајот во Македонија осомничени се вкупно 13 лица. Тие, заедно со шестмината уапсени во Србија, и други засега непознати лица организале најмалку 5 транспорти на марихуана, соопшти Обвинителството. Како параван било користено правното лице во скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели, а за транпортот користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. – соопшти Обвинителството.. Од таму додаваат дека во меѓувреме, двајца од првично шестмината осомничени, склучиле спогодби со Обвинителството, кои на 10 август биле потврдени од кривичниот суд.. Едниот добил 3 ипол години затвор, а вториот три години и 8 месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија тимот на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволни пожарникари од Битола .Работеше цела ноќ, а продолжува со работа и утринава ова утринава го изјави за Канал 5 директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов. Според него изгорени се напуштени куќи или куќи во кои се пртестојаувало ретко .Нема повредени жители ниту пожарникари.селото е оддалечено околу 35 километри од прилеп. Поради лошиот и кривулест пат, на екипите им бил потребен околу еден час за да стигнат до населеното место.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter