Авторката на „Хари Потер” ќе врати награда поради ставот за трансродни лица - Канал 5

Авторката на „Хари Потер” ќе врати награда поради ставот за трансродни лица

Писателката K.К.Роулинг објави дека ќе ја врати наградата поврзана со семејството Кенеди откако беше критикувана за нејзините ставови за полот и транс-луѓето, пишува Би-Би-Си.

Авторката на „Хари Потер” ќе врати награда поради ставот за трансродни лица

На авторката на Хари Потер, наградата Ripple of Hope и беше доделена минатата година од организацијата за човекови права Роберт Ф. Кенеди.

Но, на почетокот на оваа година, претседателот на здружението Кери Кенеди рече дека ставовите на Ј..К. Роулинг го омаловажуваат идентитетот на транс-луѓето.

Роулинг одговори дека импликациите дека е трансфобична се сосема погрешни.

Писателката се соочи со критики во јуни за објавувата на Твитер во која што се исмејувала со употребата на терминот „луѓе кои имаат менструација“. Роулинг тогаш се спротивстави на избегнување на употребата на зборот „жена“.

Во долгата објава, Роулинг рече дека нејзиниот интерес за транс-прашања произлегува од фактот дека и самата била злоставувана и дека е загрижена за постоењето на истополови места.

,,Ги почитувам сите трансродови луѓе и нивното право да живеат на начин што е автентичен и удобен за нив. Но, во исто време, мојот живот беше обликуван од фактот дека сум жена. Мислам дека не е знак на омраза да се каже тоа “, напиша Роулинг.

Неколку актери од филмовите за Хари Потер се оградија од нејзините изјави, вклучувајќи ги Еди Редмајн, Даниел Редклиф и Ема Вотсон.

Претходно овој месец, Кенеди издаде објава во која се вели: ‘Разговарав со Ј.К. Роулинг и длабоко сум разочаран што решила да го искористи нејзиниот неверојатен талент за да создаде наратив во кој го омаловажува идентитетот на трансродовите и родово неопределените лица и го поткопува интегритетот на целата трансродова заедница. Оние кои страдаат далеку повеќе од насилство, дискриминација, вознемирување, имаат далеку поголема стапка на самоубиства,се бездомници и ментално и физички болни. Трансродовите црнки и младите се особено погодени. '

Категорично го отфрла ставот на J..К. Роулинг дека полот е нешто што го одредува раѓањето.

„Науката овде е јасна: полот не е бинарен“.

Писателката рече дека не се согласува со тврдењето дека постои конфликт помеѓу тековните радикални движења за заштита на правата на транс луѓето и оние за правата на жените.

Таа, исто така, рече дека била контактирана од илјадници жени за да и изразат поддршка и да ја поканат за поинаква дискусија.

‘Ме контактираа и доктори, академици, терапевти, наставници, социјални работници, затворски персонал и жени. Овие професионалци, некои од самиот врв на овие организации, изразија сериозна загриженост за влијанието на теоријата за родов идентитет врз ранливите адолесценти и правата на жените и кршењето на нормите за заштита што ги штитат овие најранливи жени. Никој од нив не мрази транс-луѓе “, рече Роулинг.

Некои од претходните добитници на наградата Ripple of Hope се Барак Обама и Архиепископот Дезмонд Туту.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции.

Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. 

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата.

Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер