Автопатот Охрид–Кичево - десет години подоцна

 Со завршувањето на тековната година истекува и неколкупати продолжениот рок за завршување на изградбата на автопатот што требаше да ги поврзува Охрид и Кичево.

Тоа не значи дека од 1 јануари во новата 2024 година од Охрид до Кичево ќе се вози по автопат. Граѓаните ќе мора да почекаат уште „некоја“ година на современ пат по каков луѓето во развиените држави возат уште од средината на минатиот век...

Автопатската делница на Коридорот 8 што беше најавувана како мега-проект насочен кон зајакнување на туристичката понуда на Охридско-струшкиот регион почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, за по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена да достигне 598 милиони евра. Сите досегашни рокови се пробиени, а завршувањето на проектот се уште нe е ниту на повидок.

Главни причини за пролонгирањето на реализацијата на проектот експертите гледаат во лошата и непотполна проектна документација, во неочекуваните и непредвидените потешкотии утврдени со геотехничките ископувања, нереализираната експропријација на земјиштето долж трасата и неефикасно спроведените административни постапки.

Експертите од областа на градежништвото го посочија тој проект како пример како не смее да се работи во градежништвото.

Дарко Пешевски, инженер во Јавното претпријатие за државни патишта, посочи дека уште при отпочнувањето на градежни активности на автопатската делница веднаш била констатирана променлива геологија на терен која не одговара со геологијата предвидена со проектите, што директно влијаело врз начинот на темелење на објектите и класата на материјалот за ископ во тунел.

- Со отпочнување на градежните активности за широк ископ на траса беше констатирано дека станува збор за променлива геологија на терен. Изведените косини со наклони предвидени во основните проекти во најголема мера појавија одредена нестабилност, а во одредени делови на трасата ваквата нестабилност е изразена во значителна мера што се манифстира во форма на свлечишта. Имајќи ја предвид на ваквата состојба е констатирана потреба од дополнување на основниот проект со изработка на нови проектни решенија за стабилизација и заштита на косини и санација на свлечишта на целата траса од автопатот, рече Пешевски.

Тој уште посочи дека била констатирана и потреба од изработка на дополнителна проектна документација за осум патни јазли и нови алтернативни патишта, натпатници, плочести пропусти за поврзување на населените места и земјоделски површини.

И професорот Јосиф Јосифовски од Градежниот факултет на изградбата на автопатот Кичево - Охрид гледа како како на десетгодишно измачување, последица на неквалитетно проектирање и нефикасни административни постапки и процедури.

- Тој проект не е обичен проект и не може да се споредува со изградба на други автопатски делници...Ова десетгодишно мачење се должи на два аспекти, значи причините се двократни. Првите се технички причини што се директно поврзани со квалитетот на проектната документација, меѓутоа и неефикасните административни постапки и одлуки, кои што земаат многу време. Драгоцено време во кое инженеирите неможат да го прават она за што се платени и при тоа се зголемуваат фиксните трошоци, посочи Јосифоски.

Камен темелникот на проектот беше удрен на 22 февруари 2024 година, помпезно најавуван како најголемата инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија.

За изведувач на работите беше избрана кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“, а предвидено беше градежните работи да почнат истовремено на три локации, истите да бидат заокружени за четири години. Согласно договорот меѓу владата и кинескиот изведувач, предвидено беше 51 отсто од луѓето што ќе работат на автопатот да бидат од Македонија. Средствата за финансирање на проектот беа обезбедени преку, како што беше тогаш истакнато поволен кредит од кинеската „Ексим банка“.

Од тој февруари во сега веќе далечната 2014 година досега се изредија неколку министри за транспорт и врски, беа свикувани прес-конференции, владини претставници се изнасликаа на трасата со ветувања за забрзани градежни активности и наскоро завршување на проектот, за една деценија подоцна се уште сообраќајот на таа делница да се одвива на импровизиран пат во изградба, лошо одбележан и необезбеден коловоз со бројни премостувања и што е најважно од се, крајно опасен за учесниците во сообраќајот.

Последните ветувања за негово завршување во последниот зададен рок беа дадени летото, кога министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на градежните работи на изградбата на автопатот на делницата од Охрид до Подмоље.

Бочварски тогаш рече дека се спроведуваат бројни координации, состаноци со 15 институции за да се решат сите проблеми во проектот, да се репроектират косините, да се проектираат клучките, да се решат сите експропријации...за конечно повторно да се работи на овој проект.

- Оние кои го направиле проблемот во минатото со отпочнување на изградбата на овој автопат на таков начин, сега критикуваат. Сметам дека ние сме тие кои ги решиле проблемите и сме тука да направиме увид, да направиме дополнителен притисок со цел градежната механизација да продолжи со работа и да се пушти автопатот за сообраќај, рече тогаш Бочварски.

Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

- Често сме на терен, даваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот...рече Рустеми.

Но, само неколку месеци подоцна, на Првата конференција за патна инфраструктура одржана токму во Охрид, беа отворени картите, беше кажано она што сите го знаеа, а беше туркано под тепих.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пред учесниците на конференцијата упати сериозни забелешки и критики за динамиката по која се гради автопатот Охрид – Кичево истакнувајќи дека е неприфатливо таа делница да не е завршена после десет години од стартот на градежните работи.

- Изградбата започна во 2013 започна со 400 милиони евра, денеска е над 600 милиони евра и нема еден метар асфалт пуштен во употреба. Истекува рокот на крај на годината и сметам дека е крајно време и Владата и Собранието да го разгледа тој договор па ако треба и нека се прекине и нека се даде на друг затоа што ова е веќе скандалозозно и неприфатливо. Треба да се почне кривична постапка за погрешно проектирање. Единаесет нови свлечишта на Кичево - Охрид, Тоа е апсолутно неорифатливо. Десет години проект, да се случува, но намерни грешки при проектирањето и бесконечно одолговлекување на проектите, тоа ги чини живот граѓаните. Колку само сообраќајки имаме на овој пат. Ова е апсолутно неприфатливо и незнам како ќе гласаат пратениците на крај на декември по однос на продолжувањето на тој договор затоа што е скандалозен... Ни помина животот чекајќи да се завршат проектите, рече Груби.

На него се надоврза и премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека ќе побара ревизија на договорот за изградба на автопатската делница од Охрид до Кичево.

- Сметам дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и се уште да не биде направен, притоа да се бара повторно продолжување што треба да оди пред пратениците. Од таа причина ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа на причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет гофдини пат да се прави, во кој се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот, рече Ковачевски.

Тој потсети дека проектот се гради согласно договор изгласан во Собранието, тој практично станува закон, а секоја промена односно анекс повторно се одобрува од пратениците.

- Недозволиво после десет години пратениците повторно да разгледуваат продолжување на нешто што требало да се заврши пред многу години, и оттаму е потребна ревизија врз основа на која ќе се предложат решенија кои е значат кончено завршување на овој автопат...Треба да се направи ревизија и врз основа на неа да се донесе одлука. Една од опциите е секако и раскинување на договорот, истакна премиерот Ковачевски, притоа најавувајќи и можна специјализирана ревизија на проектот и сите пропусти.

На почетокот на минатиот месец од ресорното министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на веќе историската автопатска делница.

Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот „Сајнохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.

Најновото по однос предметот е дека на владина седница одржана пред новогодишните празници била разгледана и усвоена Информацијата за Договорот за изградба на автопатот, со препорака за продолжување на активностите со доизградба, и тоа преку склучување анекс на договор со „Сајнохидро“ за продолжување на рокот за изведба со искористување на веќе обезбедените финансиски средства. Истовремено од Владата беше соопштено дека изведбата на делницата ќе продолжи во континуитет да се реализира.

Каква и да биде одлуката, тоа значи нова дополнителна процедура, што во догледно време нема многу да ја смени ситуацијата на терен, каде се работи колку да се рече дека нешто се прави, како да се гради локален пат преку самопридонес, а не магистрално патно поврзување од национална важност.

Независно кои и да се причините за толку лошата динамика, ако воопшто може и да се користи тој термин, математиката е немилосрдна. Автопат долг 57 километри се гради веќе десет години, што значи дека не се успеало да се изградат пет километри пат годишно.

Најлошото во сето е билансот на сообраќајните незгоди случени во тие десет години. Според податоците на СВР-Охрид, на односната делница од 2015 година заклучно со денеска се случени вкупно 105 потешки сообраќајни несреќи, во кој загинале 22 лица, а 128 се здобиле со тешки телесни повреди.

А за тоа кој е виновен за ваквиот исход на „авантурата“ наречена автопат Охрид – Кичево ќе видиме за некој месец, кога почнува предизборната кампања. /МИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер