Ауди знае кога ќе се запали „зелено “ - Канал 5

Ауди знае кога ќе се запали „зелено “

Новата технологија ја препорачува брзината на движење на автомобилот за тој што помалку да запира на семафорите.

Ауди знае кога ќе се запали „зелено “

Замислете дека можете да знаете кога се пали зеленото светло на секој семафор. Новиот модел на Ауди го знае токму ова. Системот ГЛОСА (Green Light Optimized Speed Advisory е проектиран така да може да комуницира со сообраќајната инфраструктура и на возачот меѓудругото да му ги дава информациите за светлата на семафорите.

На возачот на Аудито на дигиталната инстримент табла му излегува информација која боја на светло е запалена на следниот семафор, колку долго тоа светло ќе биде активно и со која брзина би требало да се движи за да мине на зелено.

Целата оваа технологија е базирана на комуникацијата на возилото со инфраструктурата , конкретно со централниот сообраќаен систем кој ги контролира семафорите.

Целта на овој систем е да се намали запирањето на семафорите да се забрза сообраќајот и со тоа да се намали нивото на загадувањето .

Оваа паметна технологија веќе им е достапна на американските купувачи на моделите на ауди А6, А7, А8 и Q8. Новата технологија може да се користи во 13 градови низ САД, меѓу кои се Далас, Вашингтон, Лас Вегас, Њујорк, Феникс, Портланд и Сан Франциско, под услов сопственикот да е претплатен на системот „ Audi Connect Prime“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Мицкоски ќе ја задолжи земјата со 4 милијарди евра за две години.

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Мицкоски може да продолжи со своите бајки за трета економија и да кажува што сака.

Само што ситуацијата не е за смеење - туку за плачење.

Внуците ќе ги враќаат кредитите на Мицкоски. Со генереации.

4 милијарди евра во криминални партиски тендери за 2 години.

Оваа Организирана криминална група нема граници.

Додека премиерот се фали со раст и „трета економија“, реалноста е сосема друга:

• Ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

• Вкупно околу 4 милијарди нов долг за само две години.

• Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра – над 65 % од БДП.

• Каматите скокнаа на 350 милиони евра годишно (од околу 120 милиони претходно).

• Буџетот е празен, а парите одат во тендери.

• Потошувачката кошничка се покачи за 10.000 денари за две години и сега е 90.000 денари со кирија.

• Цените се покачени до плафон.

Мицкоски може да се смее колку сака на своите бројки.

Статистиката не ги полни фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат во своите празни паричници.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната во Украина. 

 Виткоф и Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер