Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
АвтомобилизамАуди го претстави досега најчудниот концепт (ФОТО)И покрај малку конзервативната понуда на карактеристични премиум брендови, Audi одлучи да покаже како во блиска иднина гледа на градскиот транспорт.Неговото име е Urbansphere, а Audi го воведува откако веќе опфати два сегменти со концептите Skyphere (roadster) и Grandsphere (седан). Овој концепт требало да биде прикажан на салонот во Пекинг, но поради уште едно доцнење, Audi се одлучиле за својата онлајн премиера. Создаден е во дизајнерскиот центар на Audi во Пекинг, со помош на Инголштад и е наменет за употреба во растечките кинески мегаградови. Притоа, насоката на дизајнирање е развиена според повратните информации на потенцијалните клиенти. Во превод, тоа е пространа и голема кола со облик на миниван. Со 5,5 метри должина, два метри ширина и 1,78 метри висина, со сигурност може да се констатира дека ова Ауди е феномен. На крајот на краиштата, тој е поголем од Cadillac Escalade. Со вакви димензии не треба да ве чуди изборот на тркала од 24 инчи, како и огромната стаклена површина. Предниот и задниот дел се целосно дигитализирани со контролирано и променливо осветлување во зависност од условите на движење.Кинезите сакаат огромни маски на ваквите луксузни мини комбиња, а Audi само ја зачини својата решетка со една рамка со LED технологија. Audi го опишува како „сало на тркала и мобилна канцеларија“. Има огромна врата за пристап до исклучително пространа кабина со „само“ четири седишта. Тие имаат поставки за прилагодување Relax and Entertain кои вклучуваат звучници во потпирачите за глава, како и екстензии за поддршка на нозете на патникот. Очекувано, акцентот е ставен на автономното управување кога воланот, дигиталните контроли на кокпитот и нозете автоматски се отстрануваат од погледот. Да, Urbansphere има 4-то ниво на автономно управување, кое ќе биде подготвено за комерцијализација во втората половина на оваа деценија. Изобилството од технологија и напредни системи како што се откривање на лицата на патниците, стресот и низа мултимедијални содржини се земаат здраво за готово. Исто како и електричниот погон кој, како и платформата PPE, го позајмува од идните модели како A6 e-tron, но и Porsche Macan. Два електромотори даваат 401 КС и 690 Nm, а има и quattro погон. Батеријата од 120 kWh се наоѓа во подот на возилото и обезбедува автономија од дури 750 km. Системот од 800 волти е компатибилен со еднонасочни полначи до 270 kW, што овозможува досег од 300 km за само 10 минути полнење. Тешко дека Urbansphere ќе оди во сериско производство, но тоа секако е најава за она што Audi го подготвува во наредната електрична ера. Воедно, дефинитивно изразија подготвеност да влезат во комплетно нови простори во автомобилската понуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест во Богданци по убиството на Билјана КириќДенеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи. Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter