Aston Martin Valkyrie постави нов рекорд на патеката Силверстоун (ВИДЕО) - Канал 5

Aston Martin Valkyrie постави нов рекорд на патеката Силверстоун (ВИДЕО)

Aston Martin Valkyrie постави нов рекорд во круг на патеката Силверстоун во категоријата патни сериски автомобили, постигнувајќи време од 1:56.42.

Aston Martin Valkyrie постави нов рекорд на патеката Силверстоун (ВИДЕО)

Valkyrie се произведува за купувачите веќе три години, а наскоро последниот примерок од овој модел ќе ја напушти фабриката на Aston Martin. За да го покаже целосниот потенцијал на автомобилот, британскиот производител му го довери на Дарен Тарнер, победник на трката 24 часа Ле Ман. Тарнер ја искористи сета моќ на Valkyrie на легендарната британска патека.

YouTube video

Со време од 1:56.42, Valkyrie лесно го собори претходниот рекорд од 2:06.83, кој го држеше модифицираното Porsche 911 GT2 RS на Manthey Racing. Исто така, импресивно е што Valkyrie го победи Lamborghini Huracan GT3, кој постави време од 1:58.165 во 2019 година.

Рекордот беше поставен на стандардните гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 додека патеката беше сува, но врнеше ден претходно, што влијаеше на држењето. И покрај ова, Valkyrie на патеката достигна брзина до 330 km/h.

„Перформансите на болидот беа неверојатни. Не сум сигурен дали можев да добијам повеќе, но ако условите беа идеални, можеби ќе можев да добијам неколку десетинки подобро време. Неверојатно е што ова е болид направен за возење по патишта и го извози Силверстоун побрзо од кругот на пол-позицијата во британскиот ГТ шампионат“, изјави Тарнер.

YouTube video

При развивањето на Valkyrie, Aston Martin најави дека ќе биде побрз од Формула 1 болид, сепак, рекордот на Силверстоун за Ф1 болиди, кој изнесува 1:27,097, го држи Макс Верстапен од 2020 година.

Но, тука е и Valkyrie AMR Pro, верзија само за патека за која многумина веруваат дека би можела да постигне значително подобри времиња и уште повеќе да се доближи до рекордите поставени од Ф1 болидите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица

Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад.

Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој .

Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот мицкоски во посета на Општина Неготино

Премиерот мицкоски во посета на Општина Неготино

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Владината реконструкција влегува во завршна фаза. Познати се имињата и на министрите од ВРЕДИ кои ќе седнат во министерските фотељи во рамки на владината реконструкција.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Од партијата за Канал 5 потврдуваат дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за нов министер за правда, а Седат Сулејмани за култура. Но според нашите извори во ВРЕДИ се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците.

Предложените пресонални решенија се прифатливи и за премеирот Христијан Мицкоски.

ВРЕДИ по реконструкцијата на владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина и економија и труд. Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Кадар на знам пак ќе раководи со министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер