Астон Мартин го претстави DBX 707, најмоќниот луксузен СУВ модел (ВИДЕО) - Канал 5

Астон Мартин го претстави DBX 707, најмоќниот луксузен СУВ модел (ВИДЕО)

По неколку најави, Aston Martin го одржа ветувањето и ја претстави најбруталната изведба на SUV моделот досега.

Астон Мартин го претстави DBX 707, најмоќниот луксузен СУВ модел (ВИДЕО)

Како што сугерира името, DBX 707 е придвижуван од моќен мотор од 707 КС (и 900 Nm). Секако, ова не е домашен V12мотор , туку 4.0 V8 twin-turbo на AMG, кој сега забележува плус од 157 КС и 200 Nm во однос на „стандардниот“ DBX.

Со ова, Aston Martin дојде во првите редови на понудата на супер-SUV модели, пред послабите Lamborghini Urus и Bentley Bentayge. И се чини дека така ќе остане додека ривалите не пристигнат во форма на plug-in хибриди.

Ако се прашувате што може да направи толку огромен теренец од Aston Martin, тие го велат следново. Во комбинација со погон на сите тркала и редизајниран деветстепен автоматски менувач, достигнува 100 km/h за 3,2 секунди, додека максималната брзина е поставена на 310 km/h, што е доволно за да стане најбрз во сегментот.

Во Aston забележуваат дека со ревидираниот погон, автомобилот добил голем број подобрувања, вклучувајќи ги и оние на воздушната суспензија, воланот и секако сопирачките. Последниве сега имаат композитни дискови со дијаметар од 420 mm напред и 390 mm назад, со шестклипни клешти.

Веќе атрактивно скроениот модел сега доби неколку нови детали за уште поагресивен изглед, а стандардно е поставен на тркала од 22 инчи. Сепак, највпечатливите новитети се четирите ауспуси и задниот дифузор во стилот на F1.

Внатрешноста е малку дотерана во некои детали како што е новата долна централна конзола, сега со нови опции за прилагодување на стилот на возење. Спортските седишта со 16-насочно греење и прилагодување се исто така стандардни.

YouTube video

Првите испораки се очекуваат во втората половина од годината со почетна цена над Urus и Bentayga. Имено, стартот во Европа е на околу 230.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер