70 години театар без театар во Прилеп

70 години од формирањето на еден од најстарите театри во земјава прилепскиот  Војдан Чернодрински е без свој правен идентитет и без нов објект.

Актерите и техничкиот персонал работат во состав на Центарот за култура Марко Цепенков, а во театарот  кој сам за себе си е театар се изведени  7000 престави 350 премиери. Нив ги следеле над еден милион и 500 илјади гледачи..

Во витрините  има многу признанија кои сведочат  за  актерскиот  влог  на Рампо Ачески,Мирко Стефановски, Димитар и Нада Гешоски, Благоја Спиркоски-Џумерко,Трајче Иваноски, Димитар Вандоски и уште многу други. Сите тие барале  а и сегашните глумци кои играат во најновата премиера ,,Лажговци“ сакат  нов театар..

И претходните и сегашните власти пред секои избори ветуваат нов објект за театарот.

Без разлика на условите во текот на деновите на прилепскиот театар на сцената ќе бидат изведени 7 престави за кои има многу голем интерес, велат актерите и режисерот Ангеловски.

Русија треба да плати 50 милијарди долари отштета на акционерите на поранешен нафтен гигант

По повеќе од 15 години од ликвидацијата на „Јукос“, холандскиот суд денеска донесе одлука дека Русија мора да плати отштета од 50 милијарди американски долари на поранешните акционери на таа поранешна нафтена компанија.

Апелациониот суд во Хаг ја поништи пресудата од 2016 година за поддршка на Русија што ја оспори претходната одлука на Постојаниот арбитражен суд со која им е доделена на поранешните акционери отштета од 50 милијарди долари.

Апелациониот суд изјави дека оваа „претходна пресуда“ е „погрешна“ и дека првата одлука на Постојаниот арбитражен суд е „повторно валидна“.

Русија веднаш објави дека ќе се обиде да ја оспори одлуката.

„Кремљ загуби во Хаг пред акционерите на„ Јукос“, коментираше со задоволство на Твитер поранешниот директор на „Јукос“, Михаил Ходорковски.

Поранешните акционери ја обвинија Русија за организирање на распаѓањето на „Јукос“ од политички причини. Постојаниот арбитражен суд, меѓународно тело во Хаг, донесе одлука во 2014 година дека треба да им се плати отштета, што руската влада ја одби.

Холандскиот суд ја вратил одлуката од 2016 година, сметајќи дека Постојаниот арбитражен суд нема надлежност.

Јукос беше предводен од олигархот , кого Кремљ го прогласи за непријател, Михаил Ходорковски, кој беше уапсен во 2003 година, обвинет за даночна измама и беше ослободен десет години подоцна.

Компанијата, првиот руски производител на нафта во тоа време, беше ликвидирана во август 2006 година, за што Кремљ се смета дека ги задуши политичките амбиции на Ходорковски.

Голем дел од групата го купи Роснефт, јавната руска нафтена компанија и благодарение на тоа, стана светски играч, предводен од доверливиот човек на Путин, Игор Сечин.

Руската Федерација го потпиша Договорот за енергетска повелба, но не го ратификуваше, тврдеше холандски суд во 2016 година, велејќи дека решенијата на Постојаниот арбитражен суд се спротивни на рускиот закон.

По жалбата, судиите заклучиле дека Русија е должна да го примени договорот, освен ако тоа не е во спротивност со рускиот закон, а судот утврди дека тоа не е случај.

Меѓутоа, адвокатот на Русија, Андреа Пина предупредува дека акциите на „Јукос“ се стекнале преку корупција.

„Русија верува дека збогатувањето на„ Јукос “било можно само преку корупција и други нелегални активности“, рече Пина, предупредувајќи дека судот го игнорирал проблемот.

Поранешниот портпарол на акционерите,  Емануел Гајлард коментира дека Русија сака погрешно да претстави сè за да се заборави дека случајот е „најголемата експропријација во 21 век“.

Путин го помилува Ходорковски во декември 2013 година и оттогаш тој живее во егзил.

Индија подигна ѕид за да ги скрие сиромашните од Трамп (ВИДЕО)

Ѕид од тули долг половина километар е бргу подигнат во индиската држава Гуџарат пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, за да го скрие од погледите сиромашниот град каде живеат повеќе од 2.000 луѓе.

„Потрошија толку многу пари на овој ѕид, зошто да не ги искористат за да го подобрат нашето соседство и да го направат подобро за нас“, изјави Кеши Саранија, еден од жителите.

„Зошто нè кријат нас сиромашните“, се прашува тој, пренесе АП.

За време на дводневната посета на Индија следната недела, Трамп ќе го посети градот Ахмедабад во Гуџарат за да присуствува на настанот наречен „Намасте Трамп“, што значи „Здраво Трамп“, на стадионот за крикет.

Минатиот септември се одржа митингот „Здраво Моди“ кога Трамп беше домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во Хјустон.

Трамп ќе се вози низ сиромашните делови на градот и ќе биде придружуван од Моди, кој е од областа Гуџарат.Високиот владин претставник Бидал Пател изјави дека ѕидот е изграден од безбедносни причини , а не да го скрие сиромашниот кварт.

„Освен безбедносни причини, ѕидот беше подигнат заради убавина и чистота“, рече претставникот.

Властите вчера испратија известувања за иселување на 45 семејства кои живеат во друга сиромашна населба во близина на стадионот за крикет.

ВМРО – ДПМНЕ : СДСМ со лажни вести сака да ја сокрие инволвираноста на Заев во Рекет

Лажните вести во врска со оставките на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ кои произлегуваат од кујната на СДСМ се резултат на очај и страв од огромен пораз, се наведува во партиската реакција. 

Тоа што Заев пушта лажни вести значи дека криминалците се плашат од Чулев и дека власта сака да ја сокрие вистината за РЕКЕТ.

Најпрвин блиски медиуми до кујната за лажни вести на СДСМ каде што уредник е еден поранешен новинар од рекетарската телевизија на СДСМ, објави лажна вест дека министерот Наќе Чулев ќе даде оставка, за веднаш потоа друг близок медиум до СДСМ да ја надгради истата вест дека сите технички министри ќе си дадат оставки.

Уште еднаш потенцираме дека се работи за лажна вест и апелираме до граѓаните дека очајот на СДСМ ќе продуцира уште многу вакви лажни вести во наредниот период.

Очигледно е дека во редовите на СДСМ владее натпревар кој медиум поголема лажна вест ќе објави, за да се обидат да дефокусираат од реалните скандали и проблеми кои се случуваат во Владата на СДСМ, како и за целата инволвираност на Заеви во случајот РЕКЕТ.

Ниту СДСМ, ниту криминалците кои се во коалиција со СДСМ нема да ја имаат таа среќа ниту Наќе Чулев, ниту било кој од техничките министри да си дадат оставка.

Заев и сите околу него ќе одговараат за целата инволвираност во случајот РЕКЕТ, каде јасно се гледа од судските докази дека Зоран и Вице Заеви се гледале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Ниту една лажна вест нема да може да дефокусира од реалните скандали кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува од утре, па во наредниот период поврзани со работата на функционерите на СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер